ПЕТТИОТ „КУЛ КУП 2019“ ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА И КИСЕЛА ВОДА

ГРУПИ и РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ по генерации – КУЛ КУП 2019
09/06/2019
Резултати од Кул Куп 2019
09/11/2019

ПЕТТИОТ „КУЛ КУП 2019“ ВИКЕНДОВ НА ТЕРЕНИТЕ ВО ЦЕМЕНТАРНИЦА И КИСЕЛА ВОДА

Претстојниов викенд ќе се одржи петтиот по ред Меѓународен турнир во фудбал кој го организира нашиот клуб.

Годинава „Кул Купот“ ќе се игра на терените на Цементарница и „Арена Кул“ во Кисела Вода, а ќе учествуваат 80 екипи од Македонија и од странство.

Генерациите на фудбалери родени 2007, 2008, 2009 и 2010 година ќе играат на стадионот на Цементарница на терени прилагодени за секоја возрасна категорија, а најмалата генерација, дечињата од 2011 година, своите натпревари ќе ги играат во Кисела Вода.

Ќе учествуваат 80 екипи, се очекуваат на терените да продефилираат околу 1.000 фудбалери.

На турнирот од попознатите странски екипи ќе настапат белградска Црвена Звезда, новосадска Војводина и унгарскиот Ујпешт. Од нашите, тука се Вардар, Работнички, Шкендија, Македонија Ѓорче Петров, Борец, Тиквеш…

 

 

Целосниот состав на екипите кои ќе учествуваат:

ФК Ујпешт – Унгарија
ФК Спартак Суботица – Србија
ФК Академија на Јувентус – Унгарија
ФК Црвена Звезда – Србија
ФК Војводина – Србија
ФК Титан Краљево – Србија
ФК Ника – Србија
ФК Благоевград – Бугарија
ФК Шари – Косово
ФК Вардар
ФК Работнички
ФК Шкендија
ФК Цеменарница 55
ФК Талент Битола
ФК Ал Барса
ФК Биџо Куманово
ФК Тефејуз
ФК Академија Постолов – Штип
ФК Фудбал Кидс
ФК Драчево
ФК Кул
ФК Македонија Ѓорче Петров
ФК Скупи
ФК Јанг Тим
ФК Тиквеш,
ФК Спорт Ефе
ФК Прилеп Тони
ФК Дрим Тим
ФК Мондано
ФК Борец
ФК Форца
ФК Карев
ФК Лепенец
ФК Фамос