ФК Кул: Нашиот клуб не учествувал во никаков инцидент!

10 годишните момчињата на ФК “Кул” се шампиони на Купот во Бугарија
10/20/2019
Победа на првиот 1/4 финален натпревар од КУП на Македонија за ФК КУЛ
10/22/2019

ФК Кул: Нашиот клуб не учествувал во никаков инцидент!

Фудбалскиот клуб “Кул“ остро ги демантира денешните информации објавени во дел од медиумите, кои го цитирале дневниот билтен на МВР, а во кој е напишано дека нашиот клуб бил инволвиран во инцидент кој се случил вчера во Третата лига.


Имено, нашиот клуб во текот на вчерашниот ден воопшто не играше натпревар, а за тоа кои се причините поради кои името на ФК Кул е вмешано во инцидентот, можеме само да нагаѓаме.
Оттаму, упатуваме апел и молба до сите медиуми кои ја објавија веста, истата да ја повлечат и да го објават демантов.

Однапред благодариме,
ФК Кул