Поранешен репрезентативен голман го засилува стручниот тим на нашиот клуб, Един Нурединоски ќе биде тренер на кадетите

Матиќ Ива: Покрај тоа што бев единственото девојче, уште од првиот ден сум одлично прифатена, ФК Кул е вистинското место за секој што сака да тренира
07/02/2020
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Генерациите 2003 и 2004 после подолга пауза го почуствуваа теренот, нашите надежи се вратија на тренинг
07/03/2020

Поранешен репрезентативен голман го засилува стручниот тим на нашиот клуб, Един Нурединоски ќе биде тренер на кадетите

Задоволство е да соопштиме дека дел од стручниот штаб на нашата фудбалска школа во новата сезона ќе биде и Един Нурединоски. Се работи за поранешен голман на Македонската сениорска репрезентација за која има запишано 14 настапи.

Нурединоски имаше богата играчка кариера, која започна во Вардар, а заврши во Арис Лимасол. Покрај Вардар, Един го бранеше голот и на други македонски клубови, како Слога Југомагнат, Победа, Цементарница и Милано од Куманово. Исто така имаше и интернационална кариера настапувајќи за екипите на Етникос Ахна, Баку, Арис Лимасол и Ермис. Голманската кариера ја завршува минатата година во екипата на Арис Лимасол, клуб во кој запиша вкупно 44 настапи.

Нурединоски ќе биде тренер на генерацијата 2003, која во новата сезона ќе се натпреварува во втората кадетска лига. Тој му пристапи на нашиот клуб на почетокот на годината, заменувајќи го Милан Коцески, на клупата на генерацијата 2003. Сепак, поради пандемијата со вирусот, Нурединовски ги предводеше пионерите само во првите две пролетни кола, генерација која го освои првото место со максимален број на освоени бодови.

Нашиот клуб му посакува среќа на Един во тренерската кариера и многу успеси и освоени трофеи со ФК Кул.