(ФОТО) Генерациите 2010 и 2011 одиграа контролни натпревари со екипата на Биџо

(Фотогалерија) Генерацијата 2005 зема „залет“, момците на Божиноски продолжуваат со тренинзи и подготовки
07/11/2020
(Фотогалерија) Пријателски натпревари за ФК Кул генерација 2010 и 2011 против Биџо
07/12/2020

(ФОТО) Генерациите 2010 и 2011 одиграа контролни натпревари со екипата на Биџо

Денес на теренот на Локомотива ги одигравме првите контролни натпревари. Активни бевме со генерациите 2010 и 2011 кои за противник ја имаа екипата на Биџо од Куманово. Задоволство беше да ги видиме нашите момчиња на терен после долгата пауза. Одигравме одлични натпревари, на кои покажавме желба за надигрување. Се одиграа две полувремиња по 25 минути, а на крајот победи славеа генерациите на Биџо.

Генерацијата 2010 на ФК Кул предводена од Владимир Маџароски беше минимално поразена со резултат 4:3. Три различни играчи се запишаа во листата на стрелци во нашите редови. Се работи за Марио Стојчевски, Огнен Јаков и Никола Јанкуловски.

Во дуелот кај генерација 2011, исто така подобра беше екипата на Биџо, која славеше триумф со резултат 5:2. Стрелци на единствените голови за Кул беа Ангел Симоновски и Милош Милошевски. Тренер на нашата генерација е Александар Цветковски.