(ФОТО) Триумф за генерација 2009 на ФК Кул, на меч со 11 голови совладана екипата на Ла Масиа

Генерација 2009 на ФК Кул утрово замина за Охрид, попладнево не очекува меч против Ла Масиа
07/18/2020
Прошетка низ Охрид, па победа против Ла Масиа
07/18/2020

(ФОТО) Триумф за генерација 2009 на ФК Кул, на меч со 11 голови совладана екипата на Ла Масиа

Денес во Охрид на терените на „Билјанини Извори“ нашата генерација составена од играчи кои се родени 2009 година одиграа контролен натпревар против екипата на Ла Масиа.

На дуел на кој паднаа дури 11 голови, на крајот како победник излезе токму нашиот тим. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски се покажаа како подобра екипа, на крајот конечниот резултат гласеше 7:4. Се играа три полувремиња од по 20 минути. Првата шанса ја имавме ние преку Јовевски Давид, која остана нереализирана, додека Ла Масиа беше тимот кој успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Сепак нашите млади надежи експресно направија пресврт, кога противничката мрежа на два пати ја погоди Филип Дукоски, кој ни донесе предност од 2:1, а претходно во шанса се најде и Симоновски.

Во вториот дел, единственото наше девојче во оваа генерација, Меланија Грозданова со одличен удар по земја, успеа да го погоди голот на Ла Масиа и да ни донесе водство од 3:1. Сепак до истекот на вторите 20 минути, екипата од Охрид постигна два гола во нашата мрежа и го израмни резултатот на 3:3, додека во овој период ние имавме шанси преку Симоновски, но не успеавме да постигнеме гол.

Во последниот период од 20 минути, видовме нови голови.Најпрво Кул промаши пенал, за во следната акција со хет-трик, Филип Дукоски да ја врати предноста од 4:3. Ла Масиа постигна нов гол, кој за нив се покажа како последен на мечот, за израмнување на 4:4. Нашиот состав се покажа како поквалитетен и поподготвен во последните 10 минути, во кои постигна три голови. Водството од 5:4 со својот прв гол го врати Петар Симоновски, за Дукоски со нов гол да зголеми на 6:4. Конечниот резултат на овој дуел ги постави Јован Гиевски, за 7:4 во корист на Кул. Пофалби и за нашите голмани, Божидар и Марко, кои имаа неколку добри одбрани

Во текот на утрешниот ден ќе одиграме пријателски натпревар и со екипата на ФК Прилеп Тони.