УПИСИ!!! ФК Кул врши упис на нови членови, бидете дел од фудбалската школа со најбогата инфраструктура, три локации, екипиран стручен штаб и професионален начин на работа

(Фотогалерија) Генерација 2009 на ФК Кул напорно тренира и ја темпира формата
08/09/2020
Лео Мутовиќ: Самото име кажува за мојот клуб, во новата сезона сакам да бидеме Шампиони на Македонија и да го освоиме Купот
08/11/2020

УПИСИ!!! ФК Кул врши упис на нови членови, бидете дел од фудбалската школа со најбогата инфраструктура, три локации, екипиран стручен штаб и професионален начин на работа

 Фудбалската школа Кул започнува со упис на нови членови, ние постоиме веќе 13 години, нека вашето дете биде дел од нашата успешна приказна. Вршиме упис на деца од пет годишна возраст (момчиња и девојчиња). Тренинзите се одвиваат секој ден, во зависност од возраста на децата, на истите работат лиценцирани тренери, со богато искуство во педагогијата со деца спортисти.

На сите натпревари школата обезбедува задолжителен медицински надзор на членовите. Ние сме клуб со најбогата спортска инфраструктура, тренинзите се одвиваат на отворени и затворени терени. Уписите се вршат за работа на терените во: Ново Лисиче, Кисела Вода и Карпош. Располагаме со план и програма за напредување на нашите членови, учествуваме на домашни и меѓународни натпреварувања, организираме летен камп, се следи напредокот на секој поединец со цел правилен развој во процесот на тренирање и фудбалско школување.

Во нашата школа, вашето дете ќе биде подложено на професионален начин на практикување на спортот, ќе биде дел од клуб во кој неговото здравје ќе биде на прво место, колектив во кој ќе ги има сите услови, кои може само нашата школа да ги пружи во земјава.

Контакт: