Лео Мутовиќ: Самото име кажува за мојот клуб, во новата сезона сакам да бидеме Шампиони на Македонија и да го освоиме Купот

УПИСИ!!! ФК Кул врши упис на нови членови, бидете дел од фудбалската школа со најбогата инфраструктура, три локации, екипиран стручен штаб и професионален начин на работа
08/10/2020
Во друштво на Партизан, Ц.Ѕвезда, Војводина, генерацијата 2010 на ФК Кул минатата година беше дел од турнирот „Трофеј на Град Суботица“
08/11/2020

Лео Мутовиќ: Самото име кажува за мојот клуб, во новата сезона сакам да бидеме Шампиони на Македонија и да го освоиме Купот

Лео Мутовиќ е дел од сребрената генерација 2007 на ФК Кул, екипа која успеа во натпреварувачката сезона 2018/19 да стане вицешампион на Македонија. Лео е важна „алка“ и значаен дел во играта на оваа надежна генерација. Веќе пет години е дел од нашиот фудбалски клуб, за кој веруваме дека и во иднина ќе бележи успеси и освојува трофеи.

Следното интервју е со Лео Мутовиќ, кој ни даде одговори на нашите прашања.

1. На колку години беше твојот прв тренинг во Кул и под водство на кој тренер ?.

– Мојот прв тренинг во ФК Кул беше на 8 години, под водство на тренерот Љупчо Методиевски.

2. Зошто се одлучи да се запишеш во Кул, дали претходно го имаше запознаено клубот и што беше она што најмногу те привлече ?

-За клубот Кул дознав дека постои од страна на мојот братучед кој веќе тренираше таму. Со него бев на неколку тренинзи и ми се допадна самата атмосфера. Веќе од следниот ден и јас се запишав во клубот.

3. Издвои ни еден најдрагоцен трофеј или медал кој го имаш освоено во Кул ?

-Мојот најдрагоцен трофеј е во сезоната 2018/2019 година, кога на заршниот турнир организиран од ФФМ во детската лига го освоивме второто место.

4. Која е идеалната позиција на која Лео најмногу сака да игра на теренот ?

Уште од самиот почеток, на фудбалскиот терен јас се пронајдов во одбраната, така да мојата идеална позиција е стопер.

5. Минатата година одигравте „епско“ финале со екипата на Вардар, беше тоа тврд натпревар на кој немаше многу шанси, а победникот беше решен дури после изведување на удари од белата точка. Како го видовте вие лично овој финален дуел, дали можевте на крајот да бидете вие тимот кој ќе се радуваше на првото место ?

-Овој финален дуел навистина беше тежок, но ние до крај не се откажавме и се боревме цврсто, каде на крајот одлучуваа пеналите.Се разбира дека можевме да бидеме и ние на крај победници. Мислам дека победи тимот со повеќе среќа.

6. Моментално, течат подготовките за новата натпреварувачка сезона. Колку беше тешко да се вратите на теренот после долгата пауза поради пандемијата со вирусот, како течат тренинзите и каква е атмосферата во тимот ?

-Со оглед на целата ситуација, беше потешко кога се вративме на терен. Но под водство на нашиот тренер и одличната атмосфера во тимот мислам дека за кратко време ке ја вратиме нашата препознатлива форма.

7. Од кој ја наследивте љубовта кон фудбалот, дали во вашето семејство некој се има занимавано со овој спорт ?

-Јас од секогаш сум го сакал фудбалот, во моето семејство никој професионално не се занимавал со фудбал.

8. Кој е најсилниот домашен и меѓународен турнир на кој сте играле со екипата на Кул ?

-Според мене најсилен домашен турнир е КУЛ КУП 2019година, на кој учество земаа многу екипи од странство и најдобрите екипи од нашата држава, додека најсилниот меѓународен турнир на кој имам настапувано е ‘’Драган Манце’’ во Србија.

 9. Опишето го со неколу зборови фудбалскиот клуб Кул ?

-Мојот клуб, не постојат зборови, самото име си кажува за себе ‘’COOL’’.

10. Омилен македонски фудбалер на Лео и омилена Европска лига за гледање ?

-Мојот најомилен македонски фудбалер е Илија Несторовски, додека најомилена европска лигa е шпанската La Liga.

11. Изминатава сезона не го дочека својот крај, дали сметаш дека можевте повторно со генерацијата 2007 да играте во големото финале на детската лига ?

-Да, штета што заврши порано, затоа што нашата цел беше оваа година ние да го освоиме трофејот.

12. Што е она што Лео најмногу сака да го прави во слободно време, а не е поврзано со фудбалот ?

-Јас моето слободно време највеќе го користам возејќи скирол и како и сите деца на моја возраст, играјќи игри на PS.

14. Кои се целите ваши во ФК Кул и желба која сакате да ја исполните во иднина на фудбалки план.

-Мојата желба во ФК Кул оваа сезона е да бидеме Шампиони и да го освоиме купот на Македонија, додека моја цел и сон е да станам професионален играч и да настапувам за некој познат европски клуб.