Во друштво на Партизан, Ц.Ѕвезда, Војводина, генерацијата 2010 на ФК Кул минатата година беше дел од турнирот „Трофеј на Град Суботица“

Лео Мутовиќ: Самото име кажува за мојот клуб, во новата сезона сакам да бидеме Шампиони на Македонија и да го освоиме Купот
08/11/2020
Три наши генерации во четврток ќе одиграат пријателски мечеви со екипата на ФК Куманово
08/12/2020

Во друштво на Партизан, Ц.Ѕвезда, Војводина, генерацијата 2010 на ФК Кул минатата година беше дел од турнирот „Трофеј на Град Суботица“

Уште еден во низата квалитетни турнири на кој настапивме надвор од земјава, минатата година, беше третото издание на  „Трофеј на Градот Суботица“ кој се одржа кон крајот на месец август во 2019 година. На истиот настапивме со генерацијата 2010 која успеа да стигне во најдобрите осум екипи, а мечевите се играа на градскиот стадион во Суботица.

Се работеше за квалитетен меѓународен турнир, на кој учество земаа околу 90 екипи, од шест различни земји. Екипите беа поделени во шест возрасни категории, од 7-12 години.

ФК Кул настапи со генерацијата 2010, категорија, во која се натпреваруваа 14 екипи. Нашата група ја сочинуваа пет екипи, а пласман во следната елиминациска рунда обезбедија тимовите кои завршија на првите три места во групата. Во овој дел од натпреварувањето одигравме четири натпревари, на кои имавме скор од две победи и два нерешени резултати, што беше доволно за освојување на второто место во групата Ц и пласман во 1/4 финалето на турнирот.

1 коло: Суботица – Кул  3:4

2 коло: Кул – Сонце  1:1

3 коло: Спартак Б – Кул  0:8

4 коло: Сараево – Кул  0:0

Во четврт-финалето наш противник беше тимот на Спартак А, од кој бевме поразени со резултат 2:0. Победник во нашата генерација и освојувач на златниот медал беше екипата на Војводина од Нови Сад, која во финалето беше подобра од Арена.

Како што напоменавме, на турнирот, настапија и познати звучни екипи од Балканот, како Партизан и Црвена Ѕвезда. Токму овие две екипи играа во големото финале кај генерацијата 2009, кое му припадна на Партизан, кој славеше триумф со резултат 1:2.

Во останатите категории, победници беа екипите на Спартак Суботица (2012), Болесников од Нови Сад (2011), Спектар-Сомбор (2008 и 2007). На завршната церемонија се доделуваа и поединечни награди за најдобар стрелец, играч и голман.

Организаторот најавува и 4.издание на овој силен меѓународен турнир, кој е закажан во периодот од 28-30.август, секако во зависност од тоа како ќе се одвива пандемијата со корона вирусот.

Наша беше честта да бидеме дел од ваков голем настан, на кој имаше надигрување со противниците, но и меѓусебно дружење со екипи од различни земји.