Поради пандемијата, откажан меѓународниот фудбалски турнир „КУЛ КУП 2020“

(Фотогалерија) Генерацијата 2005 подобра од генерација 2006 на контролен меч
08/22/2020
Победа на ФК Кул генерација 2011 на тест-мечот со ФК Карев
08/23/2020

Поради пандемијата, откажан меѓународниот фудбалски турнир „КУЛ КУП 2020“

Фудбалскиот клуб Кул известува дека 6.издание на меѓународниот турнир „КУЛ КУП 2020“ ќе биде откажан и истиот нема да се одигра оваа година.

Причината е добра позната, пандемијата со корона вирусот, не дозволи оваа година да продолжи традицијата, на сигурно најдобро организираниот турнир за млади екипи во Македонија.

Искрено се надеваме дека следната година, овој голем спортски настан ќе се одржи и ќе биде збогатен со голем број на екипи од Македонија и надвор од земјава. Нашата цел е, секоја наредна година да бидеме се подобри, како во организацискиот дел, така и по квалитетот на екипите кои се натпреваруваат на „Кул Куп“.

Спортски поздрав, се гледаме следната година на „КУЛ КУП“