На контролен меч одигран во Куманово, помладите пионери на Кул и Милано одиграа без победник

Пионерите и кадетите на ФК Кул ќе одиграат пријателски натпревари со екипата на Тетекс
08/25/2020
Убедлив триумф за генерација 2006 во дуелот со Милано
08/25/2020

На контролен меч одигран во Куманово, помладите пионери на Кул и Милано одиграа без победник

Генерациите 2005 и 2006 на ФК Кул денес во Куманово, одиграа контролни натпревари со соодветените екипи на Милано. Се одиграа две полувремиња по 40 минути.

Генерацијата 2005 на Кул одигра со нерешен резултат (3:3) во дуелот со тимот на Милано. Иако домаќинот прв успеа да го отвори резултатот во 20 минута за 1:0, ние само седум минути подоцна, или во 27 минута го израмнивме резултатот на 1:1 со погодокот на Борјан Наков. До крајот на првиот дел со подобра игра успеавме да направиме и резултатски пресврт, откако противничката мрежа за 1:2 ја погоди и Александар Богданоски во 34 минута од натпреварот.

Во 40.минута од мечот беа направени и две измени во нашиот состав. Тренерот Божиноски се реши во игра да ги внесе Стефан Петрушевски и Андреј Стојановски. Резултатот од 1:2 беше актуелен по завршување на првиот дел.

Во 49 минута напраивме уште една измена, излезе Стефан Симоновски, а на негово место во игра беше Лука Мицевски.

Во 52.минута од натпреварот стигна и израмнување на натпреварот, откако тимот на Милано погоди за 2:2. На натпревар на кој имаше шанси и на двете страни, Милано успеа да го врати водството, кога во 74.минута погодија за 3:2, но израмнување во 80.минута од дуелот за Кул донесе Стефан Петрушевски, кој ги постави конечните 3:3. Во меѓувреме во игра влегоа уште Матеј Здравковски и Горјан Георгиевски.

Стартниот состав на Кул: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски, Александар Трајчевски, Петар Станковски, Матеј Митревски, Матеј Цветановски, Максим Бундалески, Даниел Васиќ, Андреј Стојановски, Борјан Наков и Александар Богданоски.