Кадетите на Кул со минимален пораз во дуелот со Македонија Ѓ.П

(Фотогалерија) Подготвителен меч за пионерите против екипата на Работнички
08/30/2020
(Фотогалерија) Еден гол го реши победникот на пријателскиот дуел меѓу кадетите на Кул и Македонија Ѓ.П
08/31/2020

Кадетите на Кул со минимален пораз во дуелот со Македонија Ѓ.П

Утрово на теренот на „Локомотива“, активни со контролен натпревар беа кадетите на ФК Кул. Уште една силна контрола за нашата генерација која одигра меч со екипата на Македонија Ѓ.П, која е дел од најсилната супер лига. Дуелот заврши со триумф на противникот, кој славеше минимално со резултат 0:1, погодок кој беше постигнат во последните пет минути од мечот.

На натпревар на кој беа промашени по еден пенал на двете страни, на крајот како победник излезе тимот на Македонија Ѓ.П. Ние имавме свои шанси и периоди на добра игра, кога напаѓавме на противничката половина и се обидувавме да го отвориме резултатот. Гостинската екипа прва се закани, кога денес одличниот Андреј Ројчинов го одбрани ударот, додека Кул имаше прв можност да постигне гол, откако беше досуден пенал во наша корист.

После една грешка на противничката одбрана, Марко Ѓоргиевски изби сам со голманот, кој го собори во противничкиот шеснаесетник, па беше свирнат пенал. Стефан Здравески не успеа да реализира, односно, голманот на Ѓорче го прочита неговиот удар и не дозволи негатива за својот тим. Во првото полувреме имавме повеќе од играта, поголем посед на топка и бевме доминантни на теренот. За издвојување во првото полувреме е шансата и на Томи Станковски, кој од десеттина метри биеше над голот, откако доби одлична топка од Здравески. Сепак на полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0.

Во вториот дел како да падна темпото на игра, можеби и топлото време си го направи своето, но и двете екипи правеа обиди да го загрозат голот. Мора да истакнеме и две одлични интервенции на Андреј Ројчинов, кој одбрани незгодни топки на противничките играчи. После една грешка токму на Ројчинов беше направен фаул во нашиот голмански простор, па оправдано беше досуден пенал за Македонија Ѓ.П. Сепак, Ројчинов мајсториски со бравурозна реакција го процени ударот и успева да го одбрани пеналот. Се играа последните пет минути од дуелот, кога гостинот некако успеа да погоди и да поведе со 0:1. Не остана многу време до крајот на натпреварот, момците на Нурединоски се обидоа да создадат акција, но ништо посериозно.

Сепак, мора да бидеме задоволни од играта на нашите кадети, како што напоменавме се надигрувавме со екипа која е дел од Супер-лигата. Игравме денес одлично, она што го замисли тренерот, нашите момци го испочитуваа во најголем дел, резултатот е во заден план на овие контролни дуели. Најважно е да го кренеме нивото на игра и да играме допадлив фудбал,

ФК Кул: Андреј Ројчинов, Лука Алексоски, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Дамјан Ивановски, Филип Јаневски, Томи Станковски, Никола Николов, Стефан Здравески, Стефан Јовановски, Марко Ѓоргиевски.

На теренот ги видовме уште и Лука Миленковиќ, Бојан Ристевски, Ангел Петрушевски и Бодан Тодоровски.