ФК КУЛ генерација 2009 со „петарда“ го совлада Драчево

ФК КУЛ генерација 2006 одигра реми со Драчево
09/05/2020
ФК КУЛ генерација 2012 со нова „контролка“ и со нова победа
09/05/2020

ФК КУЛ генерација 2009 со „петарда“ го совлада Драчево

Момците од генерација 2009 на ФК Кул денес на теренот „Локомотива“ во скопската населба Карпош ја пречекаа екипата на ФК Драчево. Нашите фудбалски  надежи предводени од Нешовски успеаа да дојдат до победа во делот со своите врсници, триумфот дојде со резултат 5:1 (1:0).

Првиот дел беше вистинска „викторија“ пред голот на ривалот се редеа шанси кои не можевме да ги претвориме во погодок. Ивановски имаше неколку обиди, кои противничкиот голман кој денес беше расположен ги сопре. Покрај него се заканија и Марко Стојановски, Грозданова и Петар Симоновски. Никако не успеавме да ја скршиме одбраната на противникот, се до моментот кога Грозданова Меланија доби топка на десната страна, тргна во фор силно шутна. За наша среќа ударот беше одличен па противникот „капитулираше“. Поведовме со 1-0 во финишот, резултат кој остана и за време на паузата. Треба да се истакнат и неколкуте одлични одбрани на Божидар Геогиевски кој блескаше на нашиот гол.

Секогаш кога ќе го скршиш отпорот на ривалот полесно се погодува, во вториот дел игравме на повисоко ниво. Петар Симоновски успеа да ја удвои предноста и погоди за 2-0 на почетокот на вториот период. Ние доминиравме, нов погодок во мрежата на Драчево успеа да „испорача“ Дуковски Филип тој стрелаше за 3-0, а кратко потоа и за високи 4-0.

Противникот намали на 4-1, сепак ние не се одкажувавме и тргнавме да победиме со четири погодока на оваа средба. Петар Симоновски ги постави конечните 5-1 на овој меч со гол пред самиот крај.