Одигран првиот тест-натпревар за генерација 2008 на ФК КУЛ

ФК КУЛ генерација 2010 имаше лесна задача со Драчево
09/06/2020
(Фотогалерија) ФК КУЛ генерација 2009 го совладаа Драчево со 5:1
09/07/2020

Одигран првиот тест-натпревар за генерација 2008 на ФК КУЛ

ФК КУЛ генерација 2008 денес го одигра својот прв тест-натпревар по започнување на летните подготовки. Момците гостуваа кај тимот на ФК Драчево во истоимената скопска населба. Дуелот по договор на тренерите беше поделен во три периода, домаќинот истиот го доби со минимални 3:2.


Во првиот период имавме повеќе од иницијативата во воведниот дел, ние имавме серија прилики за погодок. Два обида имаше Тарик Муртиќ кои за жал не завршија во мрежата на домаќинот на оваа средба. Потоа Стефан Бранковски имаше свои минути и нереализрани прилики. Домаќинот се закани, нашиот голман Ангел Цветевски впиша две одлични одбрани. Во последните минути на првиот период, Драчево погоди за 1-0.

Вториот дел во целост ни припадна на нас, Михаил Алексов испрати одличен центар-шут до Муртиќ кој се најде во прилика која не ја реализира. Потоа, Бранковски Стефан влезе во продор, одлично шутна, но голманот беше на место. Нашата доминација беше крунисана со гол за резултатска симерија, за 1-1 погоди Тарик, тој доби топка на десниот агол влезе во продор и шутна силно погодувајќи атрактивно откако топката се одби од левата статива  и се заби во мрежата. Бранковски успеа да ја стресе конструкцијата од голот, во последната минута од овој период.


Во третиот период добија шанса поголем број од момците кои беа на клупата, тие исто така дадоа максимум во склад со своите можности. Најпрвин Драчево се обиде, нашиот голман Цветевски одлично одбрани. Ние имавме прилика Ведран Арнаудов, која не донесе водство. Противникот искористи мал пад во нашата концетрација и со два гола поведе со 3-1. До крајот за одбележување се двата убави слободни удари на Леон Ангеловски, во првиот од косо од 20.метра силно ја погоди гредата. Во вториот речиси од иста позиција ги „намести нишанските справи“ и погоди атрактивно под пречката за конечни 3-2.