Кадетите на ФК КУЛ подобри од пионерите на Вардар

Нови пријателски натпревари за ФК КУЛ, три различни противници за нашите генерации
09/11/2020
„Дожд“ од голови во Ѓорче, убедливи победи за генерациите 2009 и 2010 на ФК КУЛ во дуелите со Њу Старс
09/12/2020

Кадетите на ФК КУЛ подобри од пионерите на Вардар

Кадетите на ФК Кул денес на теренот „Локомотива“ во населбата Карпош 3 одиграа пријателски натпревар против пионерите на Вардар. Поуспешни беа нашите млади надежи кои славеа победа со резултат 4:2.

Иако во првото полувреме имавме негатива од 0:1, во вториот дел заигравме многу подобро, го засиливме темпото на игра и стигнавме до заслужен триумф. Екипата на Кул ги имаше првите конкретни обиди да го отвори резултатот, прв кој имаше прилика беше Марко Ѓоргиевски, но за среќа на Вардар еден од нивните играчи во последен миг ја отстрани топката од гол линијата и спречи негатива. За одбележување се и ударите на Стефан Здравески кој од слободен удар бие по земја, како и на Филип Кузмановски, но голманот на Вардар го одбрани ударот. Од својата прва посериозна прилика во првиот дел, противникот успеа да го совлада нашиот голман Ројчинов и на полувреме да замине со минимално водство од 0:1.

Советите на тренерот Нурединоски на одморот дадоа плод во вториот дел од мечот. Нашите момци заиграа многу поцврсто, уште од првата минута во второто полувреме нападнаа на противничката половина, тоа даде и резултат кога после само две минути игра, нововлезениот Никола Николов од десната страна се реши да бие, голманот на Вардар, Ангелов, ја допре малку топката но недоволно, истата заврши во мрежата за израмнување на 1:1.

На голот претходеше одлична асистенција од Ѓоргиевски. Го засиливме темпото на игра, имавме желба да го свртиме резултатот и тоа се случи набрзо, кога Ангел Петрушевски, исто така играч од клупата успеа да донесе прва предност од 2:1, после асистенција од Здравески. Во наредниот период, Вардар сепак од изведен корнер успева да ја погоди нашата мрежа и да израмни на 2:2. Последните 15 минути од дуелот им припаднаа на Кул, кои успеаа да постигнат два гола и да забележат победа. На денешниот дуел резервните играчи се покажаа како „џокери“ за тренерот Нурединоски. Леонид Стојчевски беше играч на одлука, откако успеа да да постигне два гола, и да ги постави конечните 4:2 на овој пријателски натпревар.

Без разлика што пред нас имавме помлад противник, одигравме еден добар и борбен дуел, а се она што се работи на тренинзите дојде до резултат во вториот дел од мечот кога бевме супериорни.

Стартниот состав на Кул: Андреј Ројчинов, Дамјан Ивановски, Филип Кузмановски, Дамјан Ивановски, Бојан Ристевски, Томи Станковски, Филип Јаневски, Стефан Здравески, Стефан Јовановски,  Лука Алексоски, Марко Ѓоргиевски.

Во игра влегоа уште и Никола Николов, Леонид Стојчевски, Ангел Петрушевски, Лука Миленковиќ и Бодан Тодоровски.