„Дожд“ од голови во Ѓорче, убедливи победи за генерациите 2009 и 2010 на ФК КУЛ во дуелите со Њу Старс

Кадетите на ФК КУЛ подобри од пионерите на Вардар
09/12/2020
(Фотогалерија) Триумф за кадетите на ФК КУЛ во дуелот со Вардар
09/12/2020

„Дожд“ од голови во Ѓорче, убедливи победи за генерациите 2009 и 2010 на ФК КУЛ во дуелите со Њу Старс

Вечерва на теренот во Ѓорче, пријателски натпревари против екипата на Њу Старс одиграа генерациите 2009 и 2010 на ФК Кул. Доминантни победи за нашите млади надежи кои славеа со голема разлика.

Генерацијата 2009 предводена од Ѓоргија Нешовски продолжува со добрите игри во подготвителниот период. Оваа генерација освен поразот во дуелот со екипата на ФК Прилеп-Тони, не знае за ништо друго освен триумф. Така беше и вечерва, кога со нова одлична игра го совладавме тимот на Њу Старс. Конечниот резултат на дуелот гласеше 4:1.

Се играа две полувремиња по 30 минути, кои беа доволни да постигнеме четири голови во противничката мрежа. По првото полувреме имавме позитива од еден гол, Петар Симоновски беше играчот кој ни донесе водство од 1:0. Игравме фуриозно и во вториот дел, кога со голот на Милан Пајовиќ зголемивме и на 2:0. Домашниот тим во следниот период постигна почесен гол за да намали на 2:1, додека со вториот погодок на Милан Пајовиќ стигнавме до предност од 3:1. Конечните 4:1 на овој меч ги постави Марко Стојаноски.

Висока победа изразена со резултат 12:0 славеше и генерацијата 2010 чиј тренер е Владимир Маџароски. Самиот резултат говори за случувањата на теренот, а погодоците беа рамномерно распоредени во двете полувремиња. Во првиот дел по два погодоци беа дело на Огнен Јаков и Стефан Ацковски, додека по еден постигнаа Марио Стојчевски и Давид Донев.

Голеадата продолжи и во вторите 30 минути, кога нашите момчиња продолжија со нападите и погодоците во мрежата на домаќинот. Во овој дел од мечот нови два гола постигна Стефан Ацковски, а Огнен Јаков, Марио Стојчевски, Давид Донев и Никифор Дамјановски имаа по еден гол, за конечни 12:0 на овој пријателски дуел.