ФК КУЛ генерација 2011 со голема борба дојде до реми со повозрасниот тим на ФК Отоман

(Фотогалерија) Триумф за кадетите на ФК КУЛ во дуелот со Вардар
09/12/2020
Генерација 2008 на ФК КУЛ одигра со нерешен резултат против екипата на Отоман
09/13/2020

ФК КУЛ генерација 2011 со голема борба дојде до реми со повозрасниот тим на ФК Отоман

ФК КУЛ генерација 2011 денес на Локомотива ја пречека екипата на ФК Отоман генерација 2010 година. Момците на Александар Цветковски против повозрасниот ривал од скопската населба Чаир дојдоа до реми, на меч на кој доминираа. Беа во негатива од три гола (1-4), но со стрплива игра дојдоа до конечните 4-4.

На самиот почеток на дуелот, тимот на Отоман по едно наше невнимание успеа да погоди за почетни 0-1. Ние веднаш тргнавме во офанзива, успеавме да создадеме неколку прилики. Одличен удар имаше Павел Зојчевски, голманот со крајни напори исфрли во корна. Потоа два обиди имаше Стојаноски Стефан, истите не донесоа изедначување. Лука Белевски упати удар, топката се одби, на неа налета Милошевски Милош кој не успеа да погоди за резултатска симетрија. Дојде казна за нашите промашувања, противникот успеа да ја удвои предноста погодувајќи за 0-2.

Чангов Филип беше најблиску до погодок, тој ја погоди „гредата“ од голот на Отоман, потоа имаше уште два удари кои ги одбрани голманот. Момците на Цветковски имаа повеќе прилики, теренска доминација, противникот со две акции погоди два пати. Конечно го скршивме малерот, Стефан Стојаноски успеаа да погоди за 1-2 во последниот напад од првиот дел, резултат со кој заминавме на пауза.

Во првата минута од вториот дел, по контра-напад тимот на Отоман ја врати предноста со два гола, тие погодија за 1-3. Потоа имавме неколку обиди, најизгледни прилики имаа Павел Зојчевски и Стојаноски Стефан. Повозрасниот противник ја искористуваше физичката супериорност при прекините и погоди за предност од 1-4. Чангов Филип успеа да направи одличен продор, шутираше силно по земја за 2-4. На нашиот гол, Ангел Крстевски денеш имаше неколу одлични одбрани. Ние постојано имавме иницијатива и посед, противникот беше сконцентриран на дефанзива и се закануваше од контра-напади и по прекини на нашата половина. Не се откажавме и покрај негативата, како мечот во тие моменти да започна за нашите момчиња кои изгореа од желба за победа на теренот.

Со одличен удар од дистаница, Лука Белевски успеа да намали на 3-4 погодувајќи во десниот горен агол. Милошевски Милош пропушти прилика за реми, од 4-5 метра упати удар крај десниот дирек. Конечно вредната работа во поле беше наградена со гол за реми, удар упати Михаил Динов , топката закачи еден играч на Отоман и се заби за наша радост во мрежата на ривалот за резултатска симетрија, 4-4. До крајот пропуштивме шанса за целосен пресврт, Стојаноски Стефан ја затресе гредата, тоа беше последна шанса за одбележување на денешниот натпревар.

Честитки за нашите млади надежи кои иако играа со повозрасен противник, покажаа многу повеќе на теренот.