Одличен натпревар и победа за генерација 2008 на ФК КУЛ, во дуелот со Гостивар

ФК КУЛ генерација 2006 триумфално на средбата со Гостивар
09/16/2020
Генерацијата 2009 ја прекина серијата на победи
09/16/2020

Одличен натпревар и победа за генерација 2008 на ФК КУЛ, во дуелот со Гостивар

Генерацијата 2008 на ФК КУЛ стигна до првата победа на подготвителниот период. Попладнево на теренот „Локомотива“ во населбата Карпош 3, нашите млади надежи убедливо го победија тимот на Гостивар.

Одлична игра пружија избраниците на Мики Тодоровски во текот на целиот натпревар, со голем „жар“ на теренот, многу труд и посветеност на теренот, тимот на Кул стигна до триумф. Противникот прв имаше можност да го отвори резултатот кога еден од нивните играчи ја погоди стативата од нашиот гол, додека ние вративме со два удари на Леон Ангелевски, но се уште немаше промена на резултатот. Првата голема прилика во нашите редови ја имаше денес одличниот Бранковски, но голманот на Гостивар успеа да одбрани.

Сепак истиов играч успеа да ја отвори голеадата на денешниот дуел и да му донесе предност на нашиот тим од 1:0. Мора да истакнеме дека на голот го имавме расположениот Ангел Цветевски, кој одбрани неколку силни и незгодни удари на противникот, токму во акција во која Гостивар можеше да израмни, Цветевски ја допре топката доволно да заврши во стативата од нашиот гол. Во следната шанса, гостинската екипа успева да ја затресе нашата мрежа и да израмни на 1:1. Ние имавме можност бргу да го вратиме водството, во шанса се најде Бранковски кој имаше отворен простор за погодок, но голманот на Гостивар го скроти ударот.

Продолживме со добрата игра, напаѓавме и покажавме желба да постигнеме нов гол. Тоа се случи кога после изведен корнер, Михаил Алексов скокна највисоко со глава и со фудбалско чувство ја смести топката во голот, за водство од 2:1. Не поминаа ниту две минути, кога Кул поведе и со 3:1, со вториот гол на Бранковски Стефан, кој реализира за зголемување на резултатот. Со 3:1 резултат се замина на полувреме.

Во првите пет минути од второто полувреме, можевме да зголемиме, откако во изгледни шанси се најдоа Димковски и Ангелевски, но во двата обиди одбрани гостинскиот голман. Го одржувавме силното темпо на игра и не дозволивме намалување на резултатот. Со својот хет-трик, Стефан Бранковски постигна нов гол, уште една прекрасна асистенција од неговите соиграчи, која нашиот напаѓач ја реализира за водство од 4:1. Гостивар можеше да го врати погодокот, откако направија брза акција, но за наша среќа еден од противничките играчи шутираше крај голот. Стефан Бранковски со својот четврт гол му донесе предност на Кул и од 5:1, додека Цветевски имаше уште два одбранети удари. Во последните минути од дуелот, Гостивар се погрижи за намалување на 5:2, што беше и конечен резултат на овој контролен натпревар.

Честитки до целата екипа, која денес одигра на високо ниво, за одличната игра и за борбеноста на теренот. Секој од играчите имаше свој придонес во овој висок триумф, кој само ќе ја подигне самодовербата во наредните натпревари.