Две победи во серија за генерација 2008, момците на Мики Тодоровски го надиграа тимот на Куманово

Порази за генерациите 2010 и 2011 на пријателските натпревари против Куманово
09/20/2020
ФК КУЛ генерација 2009 одигра без победник на дуелот со Куманово
09/20/2020

Две победи во серија за генерација 2008, момците на Мики Тодоровски го надиграа тимот на Куманово

Генерацијата 2008 врза две победи на контролните натпревари. Попладнево на теренот „Цементарница“ момците на Мики Тодоровски стигнаа до уште една убедлива победа, овој пат против екипата на Куманово кои славеа триумф со резултат 7:2

Мора и денес да ја истакнеме пожртвуваната и борбена игра на оваа генерација, која покажува дека може да се носи со секој противник. Со оглед дека најдоцна ги стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона им беше потребно време да влезат во натпреварувачки ритам, но на последните два дуели покажаа одлична игра и се наметнаа кај тренерот Тодоровски.

Многу подобро влеговме во натпреварот, кога уште во првите три минути од дуелот имавме предност од 2:0. Драган Лазаров беше играчот кој ни донесе предност од 1:0, додека Калин Лупевски се погрижи за водство од 2:0 на стартот од овој дуел. Се созема екипата на Куманово од почетната негатива, заиграа подобро, и имаа неколку шанси во првиот дел. Немаа среќа кога после една акција ја погодија пречката од нашиот гол. Екипата на Кул се закани со нови прилики, преку Муртиќ и Ангелевски, додека на нашиот гол, Ангел Цветевски се истакна со две одбрани. Во првото полувреме, гостинот успеа да постигне гол и да намали на 2:1, додека последната прилика во овој дел од натпреварот ја имаше Бранковски кој биеше со глава крај голот, после нафрлена топка од корнер.

Во второто полувреме играше само една екипа на теренот, тоа беше Кул кој целосно го надигра противникот во овој дел. После една добра акција од левата страна, Муртиќ нафрли, топката стигна до Калин Лупевски кој со својот втор гол денес зголеми на 3:1. Пофалби за тоа како го одигравме вториот дел, во кој Куманово освен постигнатиот гол не создаде ниту една друга сериозна прилика за погодок. Се се вртеше околу половината на која беа кумановчани, ние постојано создававме шанси за гол. Уште еден гол во мрежата на гостинската екипа, прв и за Стефан Бранковски кој зголеми на 4:1, додека не помина многу време, кога Тарик Муртиќ погоди и за 5:1, после асистенција од Ангелевски. Не застанавме со нападите и покрај високата предност, момците на Мики Тодоровски беа во целосен налет.

Нова добра акција на Кул од левата страна, започна Бранковски кој даде топка, истата стигна до Леон Ангелевски кој шутира силно, одбрани голманот на Куманово само за момент, одбиената топка стигна до Филип Димковски кој зголеми на 6:1. После еден брз контра напад, противникот даде гол и намали на 6:2, додека конечните 7:2 на пријателскиот дуел ги постави Тарик Муртиќ.

Честитки до целата екипа, добра игра, одлични акции и уште поубави голови на овој контролен натпревар против Куманово.