ФК КУЛ генерација 2009 одигра без победник на дуелот со Куманово

Две победи во серија за генерација 2008, момците на Мики Тодоровски го надиграа тимот на Куманово
09/20/2020
(Фотогалерија) Генерација 2008 на ФК КУЛ убедлива на натпреварот со Куманово
09/21/2020

ФК КУЛ генерација 2009 одигра без победник на дуелот со Куманово

Нов контролен натпревар попаднево одигра и генерацијата 2009 на Ѓорѓија Нешовски. Денес на теренот „Цементарница“ гостуваше екипата на Куманово, дуел кој заврши без победник 1:1 ( 0:0).

Во првото полувреме мируваа мрежите на двете екипи, период во кој и двете екипи имаа прилики да го отворат резултатот. Меланија Грозданова имаше два удари кон противничкиот гол, кои голманот на Куманово ги скроти, додека обид имаше и Јован Гиевски, кој остана нереализиран. Свои обиди имаше и гостинската екипа, но Марко Кочков не дозволи неговата мрежа да биде затресена. Најзрелата шанса во првото полувреме ја имаше нашиот тим, Кирил Стојановски беше играчот кој ја погоди пречката од противничкиот гол.

Тврд натпревар гледавме во вториот дел, иако беа постигнати два гола, немаше многу шанси кон двата гола. После една грешка во нашата одбрана, екипата на Куманово успеа да го отвори резултатот и да поведе со 0:1. Следеше период во кој не успеавме да создадеме поголема прилика, па противникот ја одржуваше минималната предност. Сепак, упорноста и борбеноста ја краси оваа генерација, која не дозволи да биде поразена. Кирил Стојановски овој пат ја погоди мрежата на кумановчани и израмни на 1:1, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на овој пријателски натпревар.