Петар Крчаноски: Желбата за фудбал ја добив од мојот татко, многу ми недостигаат натпреварите во детската лига

Генерациите 2005 и 2006 во текот на утрешниот ден ќе одиграат контролни натпревари
09/29/2020
Помладите пионери со 8-1 го совладаа ФК Фудбал Кидс, Богданоски постигна половина од погодоците
09/30/2020

Петар Крчаноски: Желбата за фудбал ја добив од мојот татко, многу ми недостигаат натпреварите во детската лига

Следи прво интервју и со играч кој е дел од генерацијата 2009 на ФК Кул. Се работи за Петар Крчаноски кој шест години е дел од нашиот клуб. Вреден играч на теренот, кој секогаш дава максимум и има значителен придонес во добрите резултати на екипата. Игра на средината на теренот, позиција која бара многу труд и исполнување на задачите.

Запознајте се со Петар, кој ќе ни ги открие неговите почетоци во фудбалот и останатите работи поврзани со него и екипата.

1. Како се роди желбата за фудбал кај Петар ?

-Уште како мал со татко ми одев по терени гледајќи го него како игра фудбал и тука се роди мојата желба за овој спорт.

2. На колку години беше вашиот прв тренинг и кој беше првиот тренер кој ве научи на основите во фудбалот ?

-Мојот прв тренинг беше во септември 2014 година, кога имав 6 години. Прв тренер ми беше Марко Арсовски .

3. Колку си задоволен од условите за тренинг и работа во фудбалската школа Кул ?

-Презадоволен сум поради добрите тренинзи, но исто така и од добрите тренери. Кул е клуб кој ги овозможува сите неопходни услови за тренинг и работа, клуб од кој може да се огледаат и другите екипи во Македонија.

4. Како Петар ја гледа фудбалската игра, што е потребно да има една екипа за добри резултати и успеси ?

-Пред се добра организација и тимска игра, како и дисциплина на теренот. Според мене овие работи се најважни за добри резултати на тимот.

5. Која е вашата омилена позиција на теренот ?

– Највеќе сакам да играм како централен везен играч.

6. Кој е најголемата ваша поддршка за време на тренинзите и натпреварите ?

– Мојот татко и дедо кои ме пратат на секој натпревар.

7. Во подготвителниот период со вашата генерација одигравте неколку контролни натпревари. Колку сте задоволни од прикажаната игра и постигнатите резултати на твојот тим во изминатиов период ?

-Задоволен сум од досегашните постигнати резултати, но секогаш може и подобро. Играме пријателски натпревари со различни екипи кои имаат различен пристап во играта, а ние како тим се повеќе се воигруваме и компонираме на теренот. На секој дуел го даваме најдоброто од себе, гледаме да извадиме максимум и да одговориме на задачите кои ги бара тренерот. Затоа се овие пријателски натпревари, да ја темпираме формата и да стануваме се подобри.

8. Вашиот клуб е организатор на еден од најголемите младински турнири во Македонија. Колку пати имате настапувано на „Кул Куп“, какви се вашите импресии од истиот, со оглед дека имате можност да се надигрувате со екипи од различни земји?

– Имам учествувано три пати на турнирот „Кул Куп“: Се работи за голем настан на кој учествуваат квалитетни екипи, не само од Македонија туку и надвор од земјава. Највозбудливи се натпреварите со екипите од другите држави, на кои има големо надигрување, но истовремено и можност да стекнуваме нови пријателства. Секоја чест и за целокупната организација на турнирот, ние како членови на Кул сме горди на клубот кој ни овозможува вакви квалитетни турнири.

9 Кој е омилен европски клуб и играч на Петар ?

Мојот идол е Кристијано Роналдо, додека Јувентус е омилениот клуб.

10. Дали ви недостасуваат натпреварите од детската лига ?

-Секако дека ни фали детската лига. Секој викенд бевме на терените на ФФМ и игравме натпревари. Со нетрпение чекавме да дојде викендот и да играме дуели, се надевам дека наскоро лигата ќе продолжи.

11. Наскоро започнувате со школските обврски, колку е тешко да се исполнуваат сите обврски во врска со фудбалот и училиштето ?

-Напорно е, ама желбата е многу поголема. Се обидувам подеднакво да ги исполнам обврските и кон училиштето и фудбалот. Кога се сака нешто многу, тогаш нема пречка за истото да се исполни.

12. Кој е најсилниот турнир на кој сте играле со Кул надвор од земјава ?

-Турнирот во Белград, „Драган Манце Куп“, на кој се натпреваруваат голем број на екипи.

13. Издвој ни еден најубав момент во ФК Кул ?

-Освојувањето на прво место и добивањето на пехарот на турнирот во Бугарија, тоа за мене беше најубав момент.

14. Дали Петар има зацртани цели во иднина, која е неговата желба која сака да биде реална ?

-Мојата желба е да станам познат фудбалер и да бидам дел од тимот на Јувентус.