Помладите пионери со 8-1 го совладаа ФК Фудбал Кидс, Богданоски постигна половина од погодоците

Петар Крчаноски: Желбата за фудбал ја добив од мојот татко, многу ми недостигаат натпреварите во детската лига
09/30/2020
Победа за ФК КУЛ генерација 2009 и реми за 2011 на дуелите во гости со Македонија ЃП
09/30/2020

Помладите пионери со 8-1 го совладаа ФК Фудбал Кидс, Богданоски постигна половина од погодоците

Помладите пионери на ФК КУЛ попладнево на Цементарница во тест-меч беа домаќини на екипата на ФК Фудбал Кидс. Момците на Саше Божиноски, одиграа натпревар во кој победија со високи 8-1 (2-1). Одлична игра прикажавме во вториот период од дуелот кога постигнавме шест гола.

Мечот го започнавме со следниот состав: Јордан Јосифов,  Матеј Здравковски, Александар Трајчевски, Петар Станковски, Матеј Митревски,  Максим Бундалески ,Горјан Ѓорѓиевски,   Андреј Стојаноски, Матеј Цветановски, Александар Богданоски и Александар Блажески.


Најпрвин погоди Богданоски на почетокот, но поради играње со рака голот не беше признаен. Следеа две големи прилики кои Богданоски и Бундалевски не успеаа да ги претворат во погодок за отварање на резултатот. Сепак во следната шанса успеваме да поведеме кога Богданоски одлично натрча на една нафрлена топка, со нога ја спроведе топката во голот за предност од 1-0. Ние имавме иницијатива, по една одлична акција одбраната на тимот од Драчево сама се матираше, со авто-гол поведовме со 2-0. Следеше период во кој имавме теренска доминација, посед, но не можевме да крунисаме на крајот на акциите со шанса и погодок. Противникот на минута пред крајот на првиот дел успеа да погоди за 2-1, казнувајќи ги нашите пропуштени прилики.


Вториот дел во целост ни припадна на нас, за разлика од првиот дел во овој период нашиот посед беше награден со шанси и погодоци. Богданоски и Бундалески имаа серија прилики за погодок на почетокот на овој дел. Потоа, Богданоски „проработе„ погодувајќи за 3-1 со што го скршивме отпорот на противникот и потоа беше полесно. Веднаш потоа истиот играч стрелаше и за 4-1, високите 5-1 ги постигнавме преку Александар Трајчевски. Тој одлично одзема една топка од одбраната, солираше и шутна силно по земја за нашиот петти погодок. Заигравме допадлив фудбал, па шансите се редеа, Борјан Наков ни донесе пет гола позитива, тој по земја стрелаше за 6-1, во акцијата потоа Петрушевски Стефан зголеми на 7-1. Противникот беше „разоружан“ нашите момци заиграа во препознатлив ритам кој ја краси оваа генерација. Конечните 8-1 во финишот на само 2.минути до крајот на овој натпревар ги постигна Александар Богданоски, кој по четврти пат беше поумешен од голманите на ФК Фудбал Кидс.

Играа уште во вториот дел: Стефан Симоновски , Стефан Петрушевски и  Борјан Наков