Победа за ФК КУЛ генерација 2009 и реми за 2011 на дуелите во гости со Македонија ЃП

Помладите пионери со 8-1 го совладаа ФК Фудбал Кидс, Богданоски постигна половина од погодоците
09/30/2020
Иако први го отворивме резултатот, генерација 2006 на крајот загуби од Њу Старс
10/01/2020

Победа за ФК КУЛ генерација 2009 и реми за 2011 на дуелите во гости со Македонија ЃП

Вечерва, ФК КУЛ  генерација 2009 одигра пријателски напревар со екипата на Македонија Ѓорче Петров. Момците на Ѓорѓија Нешовски на овој натпревар на гостински терен дојдоа до победа со резултат 1:5 (0:4).

 

Одлично го започнавме дуелот   во поле, атакувавме да погодиме за први да дојдеме до предност на овој дуел. Тоа му успеа на Петар Крчаноски, кој стрелаше за наша предност од 1-0 во 5.минута. На сцена стапи потоа  Петар Симоновски, кој со два гола во две минути (10та и 12.минута) успеа да не однесе три плус, ние поведовме со високи 3-0. По овие погодоци и понатака атакувавме кон голот на ривалот, за конечните 4-0 со кој се замина на одмор стрелаше Марко Стојаноски.

 

Во вторите 30.минути, колку што беа полувремињата на денешниот дуел, влеговме со исти елан за надигрување екипата на Македонија ЃП. Противникот успеа по само две минути игра во овој период да  постигне почесен погодок и намали на 4-1. Ние тргнавме да ја вратиме позитивата од четри погодоци кои ги имавме на полувремето. Некаде на средината на овој дел за нас стрелаше Петар Симоновски, тој погоди за резултат 5-1 кој подоцна се покажа како конечен на овој тест-натпревар.

 

Нашата генерација родени 2011   одигра реми со истиот противник на истиот терен. Овој пријателски дуел заврши со резултатска симетрија  2:2.

Имавме дузина шанси на овој напревар кој не ги реализиравме, противникот  успеја да казни од контра-напад и од пенал иако имаше далеку помалку игра во поле од нашиот тим. За нас на оваа средба отвори Михаил Динов кој стрелаше за 1-0. Противникот успеа да врзе два гола и да поведе со 1-2, ние тргнавме да изедначиме по нивниот пресврт. Успеавме  во тоа  преку   Стефан Шиљковски, кој стрелаше за конечните 2-2 на овој дуел.