Иако први го отворивме резултатот, генерација 2006 на крајот загуби од Њу Старс

Победа за ФК КУЛ генерација 2009 и реми за 2011 на дуелите во гости со Македонија ЃП
09/30/2020
(Фотогалерија) Помладите пионери на КУЛ убедливи со Фудбал Кидс
10/01/2020

Иако први го отворивме резултатот, генерација 2006 на крајот загуби од Њу Старс

Генерацијата 2006 одигра лош натпревар и загуби од екипата на Њу Старс. На контролен дуел кој се одигра на теренот во Ѓорче, славеше противникот, со конечен резултат 4:1.

Имавме добар старт на натпреварот, успевајќи да поведеме со 0:1 со голот на Олег Трифуновски. Сепак овој погодок не беше доволен да се избегне висок пораз и да се стигне до позитивен резултат. До крајот на првото полувреме, екипата на Њу Старс постигна три голови и на одмор замина со водство од 3:1.

Не успеавме да се вратиме во игра, ниту во второто полувреме, период во кој падна само еден гол и тоа во нашата мрежа, за конечни 4:1.

Стартниот состав: Јован Ѓорѓиевски, Петар Лазовски, Симона Меијер, Петар Трпевски, Лео Јовевски, Олег Трифуновски, Матеј Стојановски, Марко Блажовски, Стефан Душкоски, Константино Горгиовски, Олег Михајловски.

Во игра влегоа Александар Василев, Дамјан Спасовски, Никола Јовановски, Мики Илиев, Филип Спасовски и Марко Костовски.