ФК КУЛ генерација 2007 поразена минимално од Еуроспорт на дуел во кој имавме многу шанси

Распоред за пријателските дуели на ФК Кул кои се играат викендов
10/02/2020
Генерациите 2009 и 2011 стигнаа до победи на натпреварите против екипите на Еуроспорт и Лепенец
10/03/2020

ФК КУЛ генерација 2007 поразена минимално од Еуроспорт на дуел во кој имавме многу шанси

ФК КУЛ генерација 2007 гостуваше денес кај тимот на ФК Еуро Спорт во Куманово. Во меч во кој ние имавме безброј шанси бевме поразени со минимални 2-1 (2-1).

Прв состав: Хаџиќ,Јовановски, Мутовиќ, Цветков, Крстевски, Г.Ламаљари, Тасевски, Бранковски, Стефановски, Давитов и Ф.Ламаљари.
Играа уште: Сандев, Попов, Пешевски, Николовски, Јованов и Петаноски.

Ние тргнавме фуриозно на ова гостување, најпрвин прилика за нас имаше Давитов, потоа шутна Стефановски чиј удар го одбрани голманот на противникот. Имавме прилика за водство и преку Лука Тасевски, кога не ги користиш  шансите доаѓа казната. Противникот по две контри успеа да поведе со 2-0. Се обидовме преку Давитов да намалиме, за жал не успеавме. Газмен Ламаљари успеа да погоди за 2-1, до крајот на првиот дел за изедначување две прилики имаше Бранковски.

Вториот дел започна фуриозно и со наша доминација, во првите 10.минути имавме дури 11.прилики. За жал ни една не влезе во голот на домаќинот, Бранковски Стефан имаше четири прилики, Давитов се обиде во два наврата, се обидуваа и Стефаноски два пати, Тасевски, Фисник и Јовановски кој биеше со глава. Ние игравме „викторија“ пред голот на противникот, тие дури на средината од вториот дел успеаа да ја минат нашата половина, млакиот удар го сопре нашиот голман Јованов кој само што влезе во поле од клупата за резерви.

Она што се случуваше тешко беше објасниво, доминацијата беше евидентна, но едноставно погодокот не дојде, често ударите минуваа неколку сантиметри крај оквирот на голот.