Продолжува серијата победи на контролните натпревари за помладите пионери

Генерациите 2009 и 2011 стигнаа до победи на натпреварите против екипите на Еуроспорт и Лепенец
10/03/2020
Пионерите и кадетите поразени на пријателските натпревари со Њу Старс
10/03/2020

Продолжува серијата победи на контролните натпревари за помладите пионери

Помладите пионери на ФК Кул ја продолжија серијата на победи на контролните натпревари. Утрово на теренот „Локомотива“ избраниците на Саше Божиноски беа подобри од екипата на Њу Старс, која ја совладаа со резултат 4:0.

Стартниот состав на овој дуел: Јосифов, Симоновски, Митревски, Станковски, Трајчевски, Цветановски, Бундалески, Наков, Богданоски, Петрушевски, Стојаноски.

Заслужен триумф за нашите млади надежи кои повеќе од играта на овој приајтелски дуел. Со поголем посед на топка и повеќе шанси од противникот на крајот стигнавме со убедлива победа. Уште на стартот од дуелот успеавме да постигнеме гол, но истиот беше поништен поради офсајд позација. Сепак набргу тимот на Кул поведе со 1:0. Симоновски даде одлична топка до Борјан Наков, за кој се отвори простор од левата страна, нашиот играч биеше прецизно успевајќи да ни донесе предност од 1:0. Истиов играч ја имаше и следната прилика, но шутираше само крај голот. Се закани и екипата на Њу Старс, но обидот беше лесен плен за нашиот голман, Јордан Јосифов.

Одлично делувавме на теренот и константно напаѓавме кон противничкиот гол. Обиди имавме преку Матеј Цветановски и Богданоски, но резултатот остана непроменет. Александар Богданоски одигра нов добар натпревар и денес успеа да се запише во листата на стрелци. Токму со неговиот гол поведовме и со 2:0, откако нашиот напаѓач биеше од околу 20.метри силно и прецизно топката заврши во десниот голмански агол, за зголемување на водството. Нова одлична акција за Кул, во истата учествуваа Богданоски кој додаде до Трајчевски, овој нафрли од прва во противничкиот шеснаесетник, топката стигна до Стефан Петрушевски, кој биеше од прва, но за малку крај голот на гостинскиот тим. До крајот на првото полувреме ќе ја одбележиме и шансата на Стојановски, асистент беше Богданоски, но голманот на Њу Старс не дозволи поголема негатива за неговиот тим. На полувреме се замина со резултат 2:0.

И во второто полувреме имавме контрола на играта, период во кој исто така создававме шанси кон противничкиот гол. Не помина многу време од второто полувреме кога со голот на Александар Богданоски поведуваме и со високи 3:0. Прв обид имаше и Даниел Васиќ кој шутира над голот, додека Петрушевски пропушти голема прилика да се запише во листата на стрелци, откако одлична топка му даде Цветановски. До крајот на натпреварот постигнавме уште еден гол, кој беше дело на Максим Бундалески, кој зголеми на 4:0. На голот претходеше убава акција, која ја започна Богданоски кој го пронајде Петрушевски, а како реализатор се покажа Бундалески, кој го постави конечниот резултат на овој пријателски натпревар.

Во игра влегоа уште и Васиќ, Стојановски, Здравковски и Ѓорѓиевски.