Генерациите 2009 и 2011 стигнаа до победи на натпреварите против екипите на Еуроспорт и Лепенец

ФК КУЛ генерација 2007 поразена минимално од Еуроспорт на дуел во кој имавме многу шанси
10/03/2020
Продолжува серијата победи на контролните натпревари за помладите пионери
10/03/2020

Генерациите 2009 и 2011 стигнаа до победи на натпреварите против екипите на Еуроспорт и Лепенец

Во текот на денешниот ден активни со контролни натпревари беа генерациите 2009 и 2011 на ФК Кул. Повозрасните гостуваа во Куманово каде одиграа дуел со екипата на Еуроспорт, додека помладите на домашен терен ја победија екипата на Лепенец.

ФК Кул генерација 2009 дојде до победа со 4-1 на гостувањето кај ФК Еуроспорт од Куманово. Избраниците на Ѓорѓија Нешовски триумфираа со погодоците во вториот период од овој тест-дуел.


Првиот дел заврши со почетните 0-0, двата тима се надигруваа во поле. Ние имавме неколку прилики за погодок во овој период од дуелот. Матеј Ивановски имаше две шанси кои не ги претвори во гол. Симоновски Петар потоа се обиде, последна прилика за погодок во првиот период имаше единствената дама во нашиот состав, Меланија Грозданова  која шутна силно крај голот во финишот на првиот дел.


Вториот дел беше потемпераментен и поефикасен на кој видовме пет гола, од кои четири беа дело на нашиот тим. Најпрво прилики имаа Ивановски Матеј, потоа Меланија Грозданова и на крајот Симоновски. Отворивме на овој дуел преку Петар Симоновски кој погоди за 1-0. Потоа следеа минути на Кирил Стојановски, нашиот играч имаше четири шанси од нив два пати погоди за наша предност со високи 3-0. На нашиот гол одлични две одбрани впиша голманот Марко Кочков, кој дури во треттата прилика противникот го совлада за 3-1. Ние тргнавме да ги вратиме трите гола позитива, истото го сторивме преки Петар Симононовски кој ги постави конечните 4-1 во последната минута од овој пријателски натпревар.


Денес на теренот „Цементарница“ се одигра тест-меч за екипи генерација 2011 година. ФК Кул беше домаќин на ФК Лепенец. 

Нашата екипа дојде до победа со единаесет гола повеќе од својот денешен ривал. Противникот отвори со погодок за 0-1, ние потоа влеговме со серија и триумфиравме со високи 12-1. За екипата која ја предводи Александар Цветковски  денес погодија седум различни играчи на овој натпревар.

Двајца играчи запишаа хет-трик, тоа беа Стефан Стојановски и Милош Милошевски, два гола беа дело на Теодор Клампфер, по еднаш погодија: Мартин Коневски, Павел Зојчевски, Лука Белевски и Леон Дончевски.

Честитки за нашите две екипи за денешната одлична игра и победите.