Пионерите и кадетите поразени на пријателските натпревари со Њу Старс

Продолжува серијата победи на контролните натпревари за помладите пионери
10/03/2020
Победа за ЖФК КУЛ на пријателскиот натпревар против ЖФК Фудбал Старс
10/03/2020

Пионерите и кадетите поразени на пријателските натпревари со Њу Старс

Денес на теренот „Локомотива“ пријателски натпревари против екипата на Њу Старс одиграа пионерите и кадетите на ФК Кул. На двата натпревари доживеавме порази, иако не бевме далеку послаби од противникот, кој сепак ги реализираше своите шанси на овие натпревари.

Пионерите го загубија својот натпревар со конечни 0:3. Екипата на Њу Старс беше сепак подобриот тим и на крајот стигна до победата. Пред да биде отворен резултатот, гостинската екипа се закани со акција од левата страна, кога еден од нивните играчи ја погоди стативата од нашиот гол. Кул се закани преку Јован Митревски кој биеше од слободен удар и шансата на Антонијо Стојановски кој шутираше крај голот. Сепак по првото полувреме мрежите на двете екипи мируваа, на краток одмор се замина со почетниот резултат 0:0.

Можеби натпреварот ќе имаше друг тек, доколку не го примивме првиот гол, после голманска грешка, противникот успеа да го отвори резултатот за 0:1. До крајот на натпреварот тимот на Њу Старс постигна уште два гола, за конечни 0:3.

Тренерот Нурединоски за одлучи за следниве 11-сетмина: Цветковски, Петровски,  Митревски, Крстевски, Стајковски, Кадриовски, Јанкуловски, Љ.Стојановски, Мицевски, Антонијо Стојановски и Андреј Стојановски.

Поразени бевме и на натпреварот со кадетите, иако нашите момци се држеа рамо до рамо со противникот кој е дел од најсилната супер лига, сепак можеби поради поголемото искуство, екипата на Њу Старс го доби натпреварот.По првото полувреме, гостинот имаше минимална предност од 0:1, откако реализираше од својата прва голема шанса. За нашата екипа за одбележување се шансите на Марко Ѓоргиевски кој шутира крај голот,  и на Леонид Стојчевски, чиј удар го одбрани голманот.

Во второто полувреме во краток интервал од пет минути, Њу Старс постигна два гола. Едниот беше после нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, највисок во скокот беше противничкиот играч кој со глава ја погоди нашата мрежа, додека на третиот гол имаше несигурна интервенција на нашиот голман, за предност од 0:3. Ние се обидувавме да се вратиме во игра на натпреварот. Преку Стефан Здравески успеавме да го намалиме резултатот на 1:3, а до крајот на натпреварот во шанса се најдоа уште и Николов кој бие покрај левиот директ од голот и Ѓоргиевски кој шутираше крај голот.

ФК КУЛ: Ројчинов, Д. Ивановски, Јовановски, Д.Ивановски, Алексоски, Здравески, Станковски, Ристески, Николов, Стојчевски, Ѓоргиевски.