ФК КУЛ 2010 победнички против Работнички на контролен дуел кој се одигра во Градски Парк

(Фотогалерија) Одличен натпревар за женскиот тим на КУЛ, триумф против Фудбал Старс
10/04/2020
Победнички започна денот, генерација 2012 на ФК КУЛ стигна до триумф во дуелот со Еуроспорт
10/04/2020

ФК КУЛ 2010 победнички против Работнички на контролен дуел кој се одигра во Градски Парк

ФК КУЛ генерација 2010 денес гостуваше кај тимот на ФК Работнички. На напреварот кој се одигра на нивниот терен во Градски Парк дојдовме до победа со резултат 6:2 (4:1), прикажувајќи одлична игра во поле.

Ние тргнавме агресивно и офанзивно на самиот почеток на оваа средба, тоа донесе наш посед и серија прилики. Отворивме преку Марио Стојчевски кој погоди за 1-0, веднаш по него Никифор Дамјаноски стрелаше за удвојување на предноста и поведовме со 2-0. Противникот успеа со погодок да ја преполови негативата и погоди за 2-1. Артан Љамалари веднаш ја врати позитивата од два гола, тој погоди одлично во мрежата на Работнички за 3-1. Конечните 4-1 со кои се замина на одмор ги постигна Јанкулоски Никола пред крајот на првиот период. Момците на КУЛ одиграа пркрасен прв дел и покажаа завидна фудбалска вештина.

Марио Стојчевски и Артан имаа големи прилики на почетокот од вториот дел да погодат за нас, истите шанси не ги искористивме. Противникот успеа да намали на 4-2 и да ја намали нашата предност. По одлична асисетенција на Стефан Ацковски топката дојде до Никифор Дамјаноски кој стрелаше за 5-2. Нашата офанзивна игра со нов погодок ја награди Донев Давид кој стрелаше за 6-2 по асистенција Димитар Ролевски. Ние и по овој момент имавме игра во поле и бевме подоминантен противник, сите момци добија шанса и сите ја оправдаа истата.