Победа за ФК КУЛ генерација 2007 на гостувањето кај Тиквеш, пораз за 2006

Пораз за кадетите на мечот со ФК Тетекс
10/10/2020
Помладите пионери на КУЛ го победија Работнички, на контролен натпревар одигран во Горно Лисиче
10/10/2020

Победа за ФК КУЛ генерација 2007 на гостувањето кај Тиквеш, пораз за 2006

Денес во Кавадарци гостувавме со две генерации, ФК КУЛ гостуваше на ФК Тиквеш со генерацијата 2006 и 2007. На овие две средби имавме половичен успех од една победа и еден пораз.

ФК КУЛ генерација 2006 беше поразена на гостувањето кај ФК Тиквеш во Кавадарци. Домаќините дојдоа до победа со резултат 3:0 на оваа контролна средба.

Мечот го стартувавме со: Ѓорѓиевски, Лазовски, Трпевски,  Горгиовски, Јовевски, Стојановски, Блажовски, Трифуновски, Михајловски, Динов и Душкоски.

Првиот дел  заврши со минимално водство на домаќинот од 1:0. Ние треба да жалиме бидејќи во овој период од напреварот имавме дури четири големи шанси да постигнеме погодок во мрежата на кавадарчани. Стефан Душкоски пропушти да реализира  два зицера  во првиот дел. По една шанса за екипата на ФК КУЛ впишаа Антони Динов и Олег Михајловски. но за жал погодок не постигнавме во овој период од дуелот.

Во вториот дел ние се заканивме преку Стефан Душкоски најпрвин, а потоа прилика имаше и Константино Горгиовски. Во двете шанси не успеавме да дојдеме до резултатска симетрија, од нашата клупа влегоа играчите со помала минутажа. Противникот со два гола до крајот успеа да дојде до победа со 3:0 на оваа средба.

ФК КУЛ генерација 2007 убедливо ја победи екипата на Тиквеш со високи 4:0 на контролниот натпревар

Тренерот Нешовски започна со овој состав: Хаџиќ, Крстевски, Јовановски, Г.Ламаљари, Пешевски, Здравковски, Тасевски, Бранковски, Ф.Ламаљари, Давитов и Мицевски.

Првиот период иако имавме неколку прилики го завршивме со минимално водство од еден погодок. За нашиот тим на ова гостување на теренот Марена (Кавадарци) погоди Петар Давитов. Тој беше прецизен за 0:1 по асистенција на Петар Бранковски, со овој резултат заминавме на одмор.

Во вториот дел погодивме три пати и дојдовме до победа со високи 0:4. За удвојување на предноста (0:2), стрелаше повторно Петар Давитов по асистенција на Ламаљари Фисник. Следеше нов погодок за 0:3, а истиот двоец беше на сцена, Давитов доби топка од Фисник Ламаљари и со неговиот трет гол денес донесе голема предност. За конечните 0:4 се случи обратно сценарио, овој пат Давитов беше во улога на асистент, а стрелец беше Фисник Ламаљари.

Во игра влегоа уште и Мутовиќ, Николовски и Сандев.