Пораз за кадетите на мечот со ФК Тетекс

Генерацијата 2011 одигра два интересни натпревари со екипата на Скупи, кои завршија со нерешен резултат
10/10/2020
Победа за ФК КУЛ генерација 2007 на гостувањето кај Тиквеш, пораз за 2006
10/10/2020

Пораз за кадетите на мечот со ФК Тетекс

Денес на теренот Локомотива, кадетите на ФК КУЛ ја пречекаа екипата на Тетекс. На овој контролен натпревар бевме поразени со резултат 1:3 (0:1) од сино-белите од Тетово.

Составот на  кадети за овој дуел беше следен: Ројчинов, Јовановски, Ивановски, Здравески, Николов, Ѓорѓиевски, Стојчевски, Петрушевски, Кузмановски, Ристески и Јаневски.


Првата шанса ја имаа нашите момчиња,  Марко Ѓорѓиевски се закани, но за жал  голманот на тетовчани  одбрани. Ние имавме повеќе  од играта во поле, доминиравме, па изведовме 7-8 корнери по интервенциите на противничката одбрана на нашите напади кон голот. Големи шанси за одбележување имавме четири,  Стојчевски  се закани два пати, по една шанса имаа Ивановски Дамјан и Никола Николов. Противникот ги казни нашите промашувања и погоди за предност од 0:1. До крајот на овој период Стојчевски се обиде да ја врати резултатската симетрија, но неуспешно, па на полувреме се замина со минимална предност на Тетекс.

Вториот период почна со обидот на Стојчевски, тој имаше сериозна  шанса за  гол која не ја реалзиираше. На нашиот гол одлична интервенција впиша Ројчинов по еден обид на гостинот. Голема двојна шанса не претворивме во гол, Стефан Јовановски шутна и ја затресе  гредата, одбиената топка дојде  до Стојчевски кој не ја искористи приликата. Марко Ѓорѓиевски имаше две шанси, во првата со  волеј  стрелаше над голот, во втората по асистенција на Здравески тој влезе во одличен продор го мина противничкиот голман и погоди за реми, 1:1. На нашиот гол нововлезениот голман Миленковиќ Лука имаше две одлични одбрани. Противникот искористувајќи ја нашата офанзива по две контри казни и поведе со 1:3 на оваа средба. Најпрво по брз продор, потоа при пенал направен од контра напад.

Во вториот дел од клупата во игра влегоа: Ивановски и Миленковиќ.