Помладите пионери на КУЛ го победија Работнички, на контролен натпревар одигран во Горно Лисиче

Победа за ФК КУЛ генерација 2007 на гостувањето кај Тиквеш, пораз за 2006
10/10/2020
(Фотогалерија) Два контролни натпревари за генерација 2011 против екипата на Скупи
10/11/2020

Помладите пионери на КУЛ го победија Работнички, на контролен натпревар одигран во Горно Лисиче

Попладнево на теренот во Горно Лисиче, помладите пионери на ФК КУЛ стигнаа до победа на контролниот натпревар против екипата на Работнички.

Тренерот Божиноски стартуваше со следниве 11 сетмина: Јосифов, Трајчевски, Митревски, Станковски, Симоновски, Цветановски, Наков, Бундалески, Стојановски, Петрушевски и Богданоски. 

Одличен натпревар за момците на Саше Божиноски кои се покажаа како подобар противник на теренот. Конечниот резултат на крајот гласеше 1:3. Слободно може да кажеме дека имавме подобра игра на теренот, а покрај постигнатите голови имавме уште неколку добри шанси за уште повисок триумф. Првите удари кон голот на противникот ги имаше Матеј Цетановски, кој најпрво се обиде од слободен удар, додека во вториот обид од игра шутираше над голот. Гледавме борбена игра од двете екипи, кои покажаа голема желба за надигрување. Првата голема прилика за отварање на резултатот ја имаше токму тимот на Кул, откако Богданоски биеше, а одбрани голманот на Работнички, одбиената топка во голот не успеа да ја смести Петрушевски.

Следеше нова добра акција на нашите момци, од десната страна биеше Богданоски, повторно противничкиот чувар на мрежата со одлична интервенција спаси погодок, но одбиената топка стигна до Цветановски, кој биеше, но еден од противничките дефанзивци ја исфрли топката во корнер. Голема иницијатива имаше Кул во овој период од натпреварот. Како да се насетуваше полека нашата предност, а тоа се случи кога Богданоски овој пат од левата страна уфрли топка во противничкиот шеснаесетник, која стигна до Петрушевски Стефан, кој немаше проблеми да ја погоди противничката мрежа, за наше водство од 0:1.

На стартот на вториот дел после направен прекршок во нашиот шеснаесетник беше досуден удар од белата точка, истиот Работнички го реализира и израмни на 1:1. Сепак нашиот тим продолжи да ја игра својата игра, можеби уште подобро и посилно го продолживме натпреварот без разлика што примивме погодок. Таквата храбра игра ни донесе и нови прилики за погодок. Една таква не успеавме да ја реализираме, едноставно немавме среќа, кога од прекин топка во противничкиот шеснаесетник нафрли Бундалески, највисок во скок беше Митревски кој со глава ја здрма пречката од голот на домаќинот, па резултатот остана израмнет. Во игра го видовме и Даниел Васиќ, па токму со неговиот гол го враќаме водството од 1:2. После една одлична акција од десната страна, Симоновски асистираше до Васиќ кој со одлично чувство ја спроведе топката во голот.

Тренерот Божиноски во текот на целиот натпревар ги бодреше своите момци, кои беа во налет кон голот на Работнички. Богданоски денес немаше можност да се запише во листата на стрелци, но повторно одигра одличен натпревар, а беше и асистент на два погодоци. После нафрлена топка од Трајчевски, токму Богданоски скокна највисоко во противничкиот шеснаесетник, биеше со глава, но добро поставениот голман на Работнички го скроти ударот. Истиов играч се обиде од слободен удар, биеше за малку над пречката од голот, додека Симоновски нафрли топка после една акција до Богданоски, кој биеше од прва, но голманот на домашниот тим денес се покажа како најзаслужен што неговиот тим немаше поголема негатива. Противничката одбрана повторно попушти, кога после една акција која тргна од средината на теренот, Богданоски додаде до Стефан Петрушевски кој умешно со освртување од два метри го совлада голманот за водство од 1:3. Овој резултат се покажа и како конечен на крајот од натпреварот.

Во игра ги видовме и Васиќ, Мицевски, Стојаноски и Здравковски.

Штета за овие момци што сезонава ќе ја стартуваат од втората помлада пионерска лига, несомнено се работи за екипа која има голем потенцијал и која сигурно е една од најдобрите во Македонија. Сепак ваквите победи против големи противници се само мотив и поттик за уште понапорна работа и врвни резултати.