Кадетите на ФК КУЛ ремизираа со екипата на ФК Славија Пржино

Продолжува серијата на победи, генерација 2009 подобра од екипата на Дрим Тим
10/18/2020
(Фотогалерија) Меѓусебен контролен натпревар на генерациите 2006 и 2007
10/19/2020

Кадетите на ФК КУЛ ремизираа со екипата на ФК Славија Пржино

Денес на теренот во с.Пржино пријателски натпревар против екипата на Славија одиграа кадетите на ФК Кул. Овој дуел на крајот заврши со нерешен резултат 1:1.

По првото полувреме, резултатот беше оној почетниот 0:0. И двете екипи имаа свои прилики, но не видовме гол во првиот дел од натпреварот. Во второто полувреме, нашиот состав прв успеа да го отвори резултатот со голот на Иво Насевски за предност од 0:1, додека пред крајот на натпреварот домашниот тим се избори да избегне пораз, постигна гол и ги постави конечните 1:1 на натпреварот.

Ние имавме сериозна прилика во вториот дел од натпреварот преку Бодан Тодоровски, кој од неколку метри не успеа да реализира, односно голманот на Славија го одбрани неговиот удар. На шансата претходеше акција од лева страна на Никола Николов, кој додаде топка до Тодоровски, но противничкиот чувар на мрежата со одлина интервенција спаси чист погодок.

ФК КУЛ: Андреј Ројчинов, Филип Кузмановски, Дамјан Ивановски, Стефан Јовановски, Дамјан Ивановски, Бојан Ристески, Филип Јаневски, Стефан Здравески, Ангел Петрушевски, Марко Ѓорѓиевски и Леонид Стојчевски.

Во игра влегоа уште: Никола Николов, Бојан Јанкуловски, Филип Стајковски, Никита Томов, Никола Крстевски, Лука Миленковиќ, Васко Ѓорѓиевски, Иво Насевски и Бодан Тодоровски. 

Овој викенд требаше да стартува и сезоната во втората лига за младинските категории, но првото коло беше одложено, а најавите на ФФМ се дека од следниот викенд ќе стартува лигата.