Продолжува серијата на победи, генерација 2009 подобра од екипата на Дрим Тим

Совладан тимот на Дрим тим со пет гола повеќе од нашиот ФК КУЛ генерација 2011
10/18/2020
Кадетите на ФК КУЛ ремизираа со екипата на ФК Славија Пржино
10/18/2020

Продолжува серијата на победи, генерација 2009 подобра од екипата на Дрим Тим

Генерацијата 2009 денес беше активна со одигрување на контролен натпревар. На теренот на Локомотива нашите млади надежи високо го победија тимот на Дрим Тим со резултат 8:0.

Самиот резултат говори за случувањата на теренот, нашите момчиња имаа целосна доминација во текот на целиот натпревар, додека противникот речиси и да немаше посериозна прилика за почесен погодок. Бргу го отворивме резултатот за 1:0. кога мрежата на Дрим Тим ја погоди Кирил Стојановски за почетно водство. Избраниците на Марко Арсовски имаа офанзивна игра, топката беше на полето на противникот, а екипата на Кул постојано создаваше шанси за погодок. Следната шанса ја искористуваме кога од десната страна, Меланија Грозданова даде одлична топка до Петар Симоновски кој од прва биеше, ја погоди мрежата на Дрим Тим за удвојување на водството. Нова добра акција на нашиот тим, која со погодок ја заврши Марко Стојаноски за водство од 3:0.

Во следниот период во прилика да го загрозат голот се најдоа и Дукоски кој бие крај голот, како и Гиевски кој шутираше над противничкиот гол. До крајот на првиот дел успеваме да постигнеме уште еден гол, за убедливи 4:0. Откако Матеј Ивановски се ослободи од неколку играчи, додаде до Филип Дукоски кој успева да се запише во листата на стрелци.

Истиов играч кој со гол го заврши вториот дел, ја продолжи гоеладата и во второто полувреме. Токму со голот на Филип Дукоски имавме предност од 5:0. Продолжи нашата иницијатива и во вториот дел од натпреварот, во прилика се најде Марко Стојаноски, но одбрани голманот, но во следниот обид Марко Стојаноски го пронаоѓа патот до мрежата на Дрим Тим. Во акцијата учествуваше Симоновски кој прв биеше, голманот ја зафати топката која заврши во стативата, но се одби до Стојаноски Марко кој погоди за 6:0.

Нашите голмани на овој дуел, Божидар и Марко немаа многу работа, со оглед дека нивните соиграчи не дозволуваа опасности кон голот. Дукоски можеше да постигне хет-трик кога ја погоди пречката, додека во листата на стрелци се запишува единственото девојче во нашиот тим, талентираната Меланија Грозданова погоди за водство од 7:0. Последниот гол на натпреварот беше дело на Марко Стојаноски, за кој ова беше хет-трик, тој погоди после добра асистенција од Гиевски. Се закани уште и Давид Јовески, но резултатот остана непроменет.