Победа за момците на Марко Арсовски, генерација 2009 на КУЛ подобра од Маџари

Пионерите триумфираа над ФК Скопје со 6:0, пом.пионери со службена победа во 1.коло
10/24/2020
Пораз за повозрасните петлиња на пријателскиот натпревар против екипата на Македонија Ѓ.П
10/24/2020

Победа за момците на Марко Арсовски, генерација 2009 на КУЛ подобра од Маџари

Нова победа за генерацијата 2009 на ФК Кул на контролните натпревари. Вечерва на „Цементарница“ момците на Марко Арсовски стигнаа до триумф во дуелот со екипата на Маџари.

Нова добра игра за оваа генерација која заслужено стигна до победата, а доколку реализиравме уште некоја од шансите на крајот можевме да славиме и со поголема разлика. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0.

Пред да го отвориме резултатот, за одбележување се ударите на Ивановски и Грозданова, кои противничкиот голман успеа да ги одбрани. Нашиот тим успеа да поведе со 1:0, откако топка умешно одзема Матеј Ивановски кој се реши сам да заврши, во тоа не згреши, упати силен и прецизен удар кој заврши во мрежата на Маџари. Вршевме константен притисок на противничката половина, а Гиевски имаше одличен удар од голема далечина, но голманот на гостите одлично одбрани.

Матеј Ивановски повторно успеа да погоди, од неговата десна страна повторно со прецизен удар го совлада голманот за предност од 2:0. И понатаму создававме шанси од кои како поголеми беа на Димитар Тасков кој имаше добра шанса да се запише во листата на стрелци, но остана нереализирана, потоа се обиде и Меланија Грозданова, за Јован Гиевски да нема среќа и да ја погоди стативата. Ќе одбележиме и една одбрана на нашиот голман, Марко Кочков кој денес немаше многу работа.

Имавме повеќе од играта и во второто полувреме, во кое создадовме повеќе шанси од противникот. После една добра акција, Меланија Грозданова, додаде до Милан Пајовиќ кој од прва биеше крај голот. Нова акција во која повторно учествува Меланија овој пат со Ивановски, завршниот удар го имаше Грозданова, топката за малку крај левиот долен голмански агол. Во последните пет минути од натпреварот, најпрво Дукоски биеше, повторно се истакна голманот на Маџари, но не и во следната наша акција, која со гол ја круниса Милан Пајовиќ, кој го постави конечниот резултат од 3:0.