ФК КУЛ до 4.бода на кадетскиот и младинскиот дуел со ФК Струга ТЛ

(Фотогалерија) Висок триумф за помладите пионери на гостувањето во Струга
11/08/2020
(Фотогалерија) Пораз за пионерите на Кул на гостувањето кај Струга ТЛ
11/09/2020

ФК КУЛ до 4.бода на кадетскиот и младинскиот дуел со ФК Струга ТЛ

Денес на теренот „Циментарница„ во рамки на 2.коло ФК КУЛ беше домаќин на кадетите и младинците на Струга ТЛ. На овие дуели успеавме да впишеме вкупно 4.бода на нашето конто. Младинците на ФК КУЛ одиграа одличен дуел, многу борба и залагање видовме од нашите момци кој одиграа реми 1-1 (1-0).

Нурединоски мечот го започна со следниот состав:

1.Ројчинов Андреј
2.Ѓуровски Дамјан
4.Ивановски Дамјан
6.Здравески Стефан
7.Николов Никола
8.Јаневски Филип
10.Стојчевски Леонид
11.Станковски Томи
13.Ристески Бојан
14.Ивановски Дамјан
16.Манојловски Дамјан

Дуелот започна со претпазлива игра на двата тима, во првата половина од полувремето немаше значајни шанси за одбележување на двете страни, ние имавме иницијатива во тој период. Првата сериозна прилика ја имавме во 26.минута кога се обиде Јаневски Филип. Стативата ја погоди во 31.минута Николов Никола, додека Дамјан Ивановски имаше голема шанса по мешаница која настана по изведување на корна за нас од десната страна. Со удар од 25.метра се закани Стојчевски Леонид, голманот на Струга, Шакир Муамет успеа да одбрани со крајни напори. Нашите напори конечно беа наградени, Јаневски Филип на три минути до крајот на првиот дел доби една топка, умешно ја исконтролира шутна силно и неодбранливо за наша предност со 1-0 во 42.минута, резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел започна со наш посед на топката во поле, ние ја имавме истата повеќе во нашите нозе и одлично комбиниравме. Противникот во 55.минута се обиде со дијагонала да проигра во нашиот казнен простор, благовремена реакција имаше нашиот „чувар ма мрежата“,  Ројчинов. Противникот искористи една наша грешка на одбраната и погоди за реми, 1-1 во 72.минута. Ние веднаш се обидовме да ја преземеме иницијативата за да ја вратиме предноста која ја загубивме со овој погодок, но не успеавме да создадеме прилика. Дуелот заврши со нерешен резултат (1:1) и со поделба на бодовите.

Во игра влегоа уште: Јовановски, Ѓорѓиевски и Мицевски. 

Кадетскиот тим на ФК КУЛ го доби својот напревар со службени 3:0 бидејќи противникот не настапи на оваа средба. Сега по две одиграни кола оваа генерација на Кул има максимални 6 бодови.