Пионерските екипи се домаќини на Лабуништа 2011 Тетово, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

(ТАБЕЛИ) Пом.пионери и кадетите се лидери во лигата
11/11/2020
Распоред на контролни натпревари за младите надежи на ФК Кул
11/13/2020

Пионерските екипи се домаќини на Лабуништа 2011 Тетово, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

За претстојниов викенд е закажано 3.коло во младинските лиги. Екипата на Лабуништа 2011 Тетово е следен противник за нашите генерации. Одредени се термините на одигрување на натпреварите.

Во сабота (14.11) генерациите 2005 и 2004 на „Цементарница“ се домаќини на Лабуништа 2011 Тетово. Од 11:00 часот ќе стартува натпреварот на помладите пионери, додека дуелот на пионерските екипи ќе стартува од 13:00 часот. Дербито треба да биде на дуелот кај генерациите 2005, со оглед дека двете екипи имаат максимални шест освоени бодови по првите две кола.

Во недела (15.11) генерациите 2003 и 2002 ќе гостуваат во Тетово кај истиот противник. Дуелите ќе се одиграат во термините од 11:00 и 13:00 часот на теренот во с.Порој.