Минимална победа на ФК КУЛ генерација 2012 на „контролката“ со Сарај

Распоред на контролни натпревари за младите надежи на ФК Кул
11/13/2020
Нова убедлива победа за пом.пионери, избраниците на Божиноски подобри од екипата на Лабуништа 2011 Тетово
11/14/2020

Минимална победа на ФК КУЛ генерација 2012 на „контролката“ со Сарај

Денес во Балонот Кисела Вода, се одигра тест-напревар помеѓу ФК КУЛ генерација 2012 предводена од Мики Тодоровски и тимот на ФК Сарај. Одличен дуел со многу борба и само еден гол прикажаа двата тима, ние дојдовме до победа со минимални 1-0 (0-0).

Првиот дел заврши со почетните 0-0 иако двата тима се трудеа многу да погодат во голот на ривалот. Нашиот тим имаше две големи прилики за почесен погодок кои не завршија во мрежата. Најпрвин, Стефан Шиљковски се обиде, потоа прилика имаше единствената дама во оваа екипа, Тамара Атанасовска. Тимот на Сарај погоди два пати во конструкцијата од голот, една пречка и еден дирек, сепак на одмор заминавме без голови.

Михаил Динов вториот дел го отвори со два обиди, популарниот „Мими“ се обидуваше да ни донесе предност на ова средба. Николовски Стефан се закани, но и неговиот удар не донесе предност. Сарај се закани во две прилики, Клео Горгиевски беше одличен на голот. Конечно постигнавме гол, Атанасовска изнуди корна. Од аголот  Динов  упати силен удар до Тамара Атанасовска, но одбраната во обид да „очисти“ го погоди својот гол за наша предност со 1-0. Со тој гол успеавме да триумфираме денес со минимална предност.