Пионерите се вратија на победите, момците на Нурединоски со три бода во дуелот со тетовчани

Нова убедлива победа за пом.пионери, избраниците на Божиноски подобри од екипата на Лабуништа 2011 Тетово
11/14/2020
(Фотогалерија) Трет последователен триумф за помладите пионери на Кул
11/15/2020

Пионерите се вратија на победите, момците на Нурединоски со три бода во дуелот со тетовчани

Во рамките на 3.коло од втората пионерска лига, екипата на Кул на домашен терен успеа да излезе како победник во дуелот со екипата на Лабуништа 2011 Тетово. Момците на Нурединоски беа подобар противник на теренот и славеа триумф со резултат 5:0

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Цветковски, Мицевски, Крстевски, Јанкулоски, Стајковиќ (К), Стојановски, Митревски, Кадриовски, Стефановиќ, Здравковски и Блажевски.

Уште од првата минута на дуелот имавме иницијатива и желба да ги освоиме бодовите од овој натпревар. Рамадан Кадриовски беше играчот кој прв се закани, но голманот на гостинскиот тим успешно одбрани и исфрли во корнер. Сепак, првата посериозна прилика ја имаше противникот кога се создаде шанса за погодок, но одлично интервенираше нашиот голман, Мартин Цветковски, кој со брза реакција спаси негатива. Успеваме да го отвориме резултатот на 1:0 со погодокот на Бојан Јанкулоски во 39 минута. На голот претходеше деганжман од голманот Цветковски, топката стигна до Стојановски кој додаде до Јанкулоски кој умешно се снајде тресејќи ја мрежата за водство од 1:0. Овој резултат беше актуелен по првото полувреме.

Со офанзивна игра во вториот дел успеавме да го зголемуваме водството. Првата голема прилика во овој дел од натпреварот ја имаше Јанкулоски, кој на нафрлена топка од Стајковиќ, биеше, но гостинскиот чувар на мрежата успешно одбрани. Предноста на 2:0 ја зголемивме преку Јован Митревски во 51 минута, кој се покажа како најумешен во противничкиот шеснаесетник, откако топка од корнер нафрли Кадриовски, нашиот Митревски биеше со нога, топката заврши во мрежата. Продолживме со иницијативата, без разлика што имавме солидно водство. После една голема грешка на голманот на Лабуништа, Јанкулоски Бојан одзема топка за водство веќе и од 3:0, по што беше познат победникот на овој натпревар. Голот падна во 57 минута од дуелот.

Во игра во вториот дел влегоа и Лука Мицевски и Љубомир Стојановски. Токму со голот на нововлезениот Љубомир Стојановски успеавме да поведеме и со 4:0 во 67 минута, кој реализираше на нафрлена топка од Јанкулоски. За триумфот да биде поголем се погрижи капитенот, Филип Стајковиќ кој со убав гол ги постави конечните 5:0 на натпреварот во 75 минута од дуелот..

Избраниците на Нурединоски се вратија на победите, вкупно шест освоени бодови за оваа екипа после три одиграни кола.