Прва сезонска победа за младинците на Кул, нашите млади надежи до три бода дојдоа со резултатски пресврт

Станковски со евро гол и Богданоски донесоа три бода за кадетите на Кул во дуелот со Лабуништа Тетово
11/15/2020
(Фотогалерија) Убедлив триумф за пионерите на ФК Кул
11/16/2020

Прва сезонска победа за младинците на Кул, нашите млади надежи до три бода дојдоа со резултатски пресврт

Прва победа сезонава за младинците на ФК Кул. Нашите млади надежи стигнаа до триумф на гостувањето кај екипата на Лабуништа 2011 Тетово. Иако домашниот тим прв поведе, сепак момците на Кул направија резултатски пресврт и триумфираа со резултат 1:2.

Стартниот состав на Кул: Адеми (K), Крстевски, Јованоски, Здравески, Јаневски, Ѓорѓиевски, Манајловски, Стојчевски, Петрушевски, Митревски, Ѓорѓиевски.

Сите голови паднаа во второто полувреме од натпреварот, откако после првите 45 минути резултатот беше 0:0. Леонид Стојчевски се закани од слободен удар, но голманот на домаќинот беше присебен и ја прибра топката во рацете. Гледавме и тука тврд натпревар, тешко се создаваа шанси за погодоци. Обид имаше и Здравески кој шутираше крај голот, откако имавме акција од левата страна. Прва шанса имаше и противникот, но нашиот голман Адеми успешно одбрани. Следеше период во кој и двете екипи немаа некоја прилика, до крајот на првиот дел кај Кул шанси имаа Здравески кој упати удар на нафрлена топка од Ѓорѓиевски како и Дамјан Манојловски кој упати удар крај голот на противникот. На полувреме се замина со резултат 0:0.

На стартот од второто полувреме, главниот судија покажа на белата точка за екипата на Лабуништа, откако еден од нашите играчи играше со рака во нашиот шеснаесетник. Еден од играчите на домашниот тим се реши да бие силно, топката удри во пречката, па немаше промена на резултатот. Сепак во следната акција, противникот успеа да го отвори резултатот, после едно наше невнимание во дефанзивната линија, искористи екипата на Лабуништа да поведе со 1:0 во 53 минута. Нивната радост не траеше долго време, после една нафрлена топка на Здравески, во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Марко Ѓорѓиевски кој со глава успеа да го совлада гоманот на домашниот тим и да донесе израмнување на 1:1 во 59 минута..

Веднаш имавме можност да направиме и пресврт. Ангел Петрушевски имаше голема можност да ни донесе предност, откако доби топка од Здравески, сепак голманот на Лабуништа со одлична интервенција до брани ударот на Петрушевски и спаси негатива за својот тим. Сепак во следната акција нашиот тим доаѓа во предност. Се играше акција од десната страна кога Стојчевски нафрли топка во противничкиот шеснаесетник, истата стигна до Христијан Јованов кој успеа да погоди за резултат 1:2 во 79 минута. Нова шанса имавме преку Марко Ѓорѓиевски, откако нашиот голман Адеми имаше дегажман од својот гол, топката стигна до Ѓорѓиевски кој биеше преку голот. Во последната минута пропуштивме шанса со удар од белата точка да го зголемиме водството. Откако беше направен прекршок врз Насевски, беше досуден пенал од страна на главниот судија. Стефан Здравески не успеа да реализира, односно голманот на Лабуништа успешно одбрани. Остана малку до крајот на натпреварот, немаше поголеми возбудувања, натпреварот заврши со резултат 1:2.

Во игра на овој натпревар влегоа уште и Марко Мицевски, Христијан Јованов и Иво Насевски. Ова е прва победа сезонава за младинскиот состав на Кул. Одлично коло за младите екипи на Кул, во кое освоија максимални 12 бодови во дуелите со Лабуништа Тетово.