Нов триумф за младинците на Кул, нашите надежи беа подобри од екипата на ГФК Тиквеш

Четврта последователна победа за кадетите на ФК Кул, три бодови во дуелот со ГФК Тиквеш
11/21/2020
„Рутинска“ победа за помладите пионери во дуелот со ГФК Тиквеш, нови бодови за зацврстување на првото место
11/22/2020

Нов триумф за младинците на Кул, нашите надежи беа подобри од екипата на ГФК Тиквеш

Втора последователна победа за младинскиот состав на Кул. Денес нашиот тим гостуваше во Кавадарци на екипата на Тиквеш, во рамките на 4 коло од младинската втора лига.

Успеавме да го добиеме натпреварот, триумфирајќи со резултат 0:2. Ова е втор сезонски триумф за нашите младинци, откако во претходното коло на гостински терен го победија и тимот на Лабуништа 2011 Тетово.

Стартниот состав на Кул: Лука Миленковиќ (К), Михаил Стаменковски, Јордан Петровски, Љубомир Стојановски, Дамјан Ѓуровски, Христијан Јованов, Ѕвездан Мицевски, Васко Ѓорѓиевски, Рамадан Кадриовски, Бодан Тодоровски и Леонид Стојчевски. 

По еден гол паднаа во двете полувремиња од натпреварот кој се одигра на теренот на ФК Марена. Звездан Мицевски беше играчот кој во 24 минута од натпреварот ни донесе предност од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел реализиравме уште еден погодок, истиот беше дело на Рамадан Кадриовски, кој ги постави конечните 0:2 на овој дуел од младинската лига.

После четири одиграни кола, младинците на Кул освоија 7 бодови и сигурно дека после ова коло ќе се искачат место погоре на табелата.

Во текот на утрешниот ден на „Цементарница“ не очекуваат натпревари со пионерските екипи. Се надеваме на добра игра и продолжување на победничката серија.