„Рутинска“ победа за помладите пионери во дуелот со ГФК Тиквеш, нови бодови за зацврстување на првото место

Нов триумф за младинците на Кул, нашите надежи беа подобри од екипата на ГФК Тиквеш
11/21/2020
Стајковиќ го реши Тиквеш, пионерите на Кул стигнаа до трета победа сезонава
11/22/2020

„Рутинска“ победа за помладите пионери во дуелот со ГФК Тиквеш, нови бодови за зацврстување на првото место

Помладите пионери стигнаа до нов триумф сезонава. На „Цементарница“ момците на Саше Божиноски стигнаа до лесна и рутинска победа, која беше изразена со резултат 13:0. Со половина од силите, нашиот состав успеа да ги освои бодовите од овој натпревар во рамките на 4.коло од втората помлада пионерска лига.

Тренерот Божиноски го започна овој натпревар во следниов состав: Јордан Јосифов, Стефан Симоновски, Петар Трпевски, Петар Станковски, Матеј Митревски, Максим Бундалески (К), Стефан Петрушевски, Александар Блажески, Даниел Васиќ, Борјан Наков и Александар Богданоски.

Во првите девет минути од натпреварот успеавме да постигнеме три голови и сите беа дело на еден играч, се работи за нашиот напаѓач Александар Богданоски. Првиот гол падна после нафрлена топка од корнер на Бундалески, во противничкиот шеснаесетник на вистинското место се најде Богданоски кој со глава ја заби топката во мрежата за отварање на резултатот во 5.минута. Веќе во следната акција од игра, повторно Бундалески во улога на асистент, а Богданоски како стрелец, пак со глава бие за водство од 2:0 во 8 минута. Гледавме нерамноправен дуел, на кој во првото полувреме, екипата на Тиквеш имаше само еден директен удар кон нашиот гол. После една акција на нашиот тим, Богданоски успева да зголеми на 3:0 во 9 минута од дуелот.

Убава шанса да се запише во листата на стрелци имаше и Борјан Наков, но голманот овој пат одбрани, откако одлично асистистираше Васиќ. Во следната шанса успеваме да го зголемиме резултатот на 4:0 во 13 минута. Повторно Богданоски најдобро се снајде, откако Васиќ нафрли од корнер, со нога успева да постигне гол, вкупно за него четврти на натпреварот. Се играше 23 минута од натпреварот кога со петтиот гол на Богданоски зголемивме и на 5:0, на асистенција од Петрушевски. Целата игра беше насочена на половината на Тиквеш, постојано создававме шанси за погодоци. Во листата на стрелци успева да се запише и Стефан Петрушевски со чиј гол го зголемивме резултатот на 6:0 во 28 минута од натпреварот. До крајот на првото полувреме нов играч во нашите редови постигна гол, се работи за Стефан Симоновски кој после една акција погоди на одбиена топка во 37 минута. На полувреме резултатот беше 7:0.

Ништо не се промени во второто полувреме што се однесува до екипата која беше во посед на топка и која актакуваше на зголемување на резултатот. Првата прилика ја имаше Богданоски, но успеа гостинскиот голман да го одбрани ударот. Се играше 57 минута од дуелот кога со првиот гол на Максим Бундалески зголемивме на 8:0. Во игра во вториот дел влегоа и Матеј Стојановски, Константино Горгиовски и Стефан Душкоски.

Следниот гол беше дело на Борјан Наков кој зголеми на 9:0, откако најпрво биеше Горгиовски, одбрани голманот на Тиквеш, сепак на одбиената топка стигна Наков кој ја вметна топката во мрежата во 65 минута. Во листата на стрелци успева да се запише и Стефан Душкоски кој донесе водство од 10:0 До крајот на натпреварот постигнавме уште три гола. Два од нив постигна Даниел Васиќ, додека конечните 13:0 на натпреварот ги постави Александар Богданоски.

Ова е четврта победа во серија за помладите пионери, кои после ова коло ќе останат на првото место на табелата.