Пионерските екипи гостуваат во Гевгелија, кадетите и младинците се домаќини на Кожуф

Контролни натпревари за младите надежи на ФК Кул кои се закажани за претстојниов викенд
11/27/2020
Победа од Прилеп е противник за нашите помлади пионери во 1/4 финалето на Купот
11/27/2020

Пионерските екипи гостуваат во Гевгелија, кадетите и младинците се домаќини на Кожуф

Екипата на Кожуф од Гевгелија е наш противник во рамките на 5.коло во младинските лиги. Пионерските екипи во недела (29.11) ќе гостуваат во Гевгелија, додека кадетите и младинците во сабота (28.11) се домаќини на истиов противник. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 11:00 и 13:00 часот.

Пионерските екипи во недела ќе гостуваат кај последнопласираниот тим во двете пионерски лиги. Кожув после четири одиграни кола во двете категории нема ниту еден освоен бод, а интересно нема ни постигнато гол. Нашите помлади пионери се лидери со максимални 12 освоени бодови, додека пионерите се наоѓаат на второто место со 9 бодови.

Во сабота, на „Цементарница“ ќе се одиграат натпреварите за генерациите 2002 и 2003. Интересно треба да биде на кадетскиот натпревар, тука екипата на Кожув високо котира на четвртото место на табелата со 7 освоени бодови, додека нашите момци се лидери во лигата со 12 бодови. Младинците на Кул ќе се обидат да стигнат до третата последователна победа сезонава, а за тоа ќе треба да го совладаат Кожуф кој е без бод и на последното место на табелата.