Победа од Прилеп е противник за нашите помлади пионери во 1/4 финалето на Купот

Пионерските екипи гостуваат во Гевгелија, кадетите и младинците се домаќини на Кожуф
11/27/2020
Кадетите и на петтиот натпревар сезонава стигнаа до победа
11/28/2020

Победа од Прилеп е противник за нашите помлади пионери во 1/4 финалето на Купот

Денес беше извлечена ждрепката за натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија за млади категории.

Помладите пионери на Кул го добија својот противник, а тоа е екипата на Победа од Прилеп. Единствениот натпревар по кој ќе биде познат патникот во следната рунда ќе се одигра на „Цементарница“.

Екипата на Победа е дел од најсилната Супер лига. На четири одиграни кола има освоено 9 бодови. Во 1/8 финалето од Купот, Победа ја елиминира екипата на Ренова.

Сите двојки од 1/4 финалето во Купот за помлади пионери:

Академија Пандев – Брегалница

Шкендија – Куманово Еуроспорт

Вардар – Работнички

Кул – Победа

1/4 финалните дуели треба да се одиграат во текот на следната недела, а во текот на наредниве денови ќе го објавиме и официјалниот датум на натпреварот за нашиот тим.