Трет триумф во серија за младинците на Кул, совладана екипата на Кожуф

Кадетите и на петтиот натпревар сезонава стигнаа до победа
11/28/2020
Реми на гостувањето за ФК КУЛ генерација 2008 кај Куманово
11/28/2020

Трет триумф во серија за младинците на Кул, совладана екипата на Кожуф

Денес на „Цементарница“ натпревар одиграа младинците на Кул кои за противник ја имаа екипата на Кожуф Гевгелија. Избраниците на Нурединоски славеа победа со резултат 3:0.

ФК Кул: Лука Миленковиќ, Стефан Јованоски, Марко Ѓорѓиевски, Филип Јаневски, Ангел Петрушевски, Леонид Стојчевски, Стефан Здравески (К), Дамјан Ивановски, Дамјан Манајловски, Антонио Стојановски, Васко Ѓорѓиевски

Заслужено ги овоивме бодовите од натпреварот во 5.коло на младинската лига. Првата голема шанса на натпреварот ја имаше Марко Ѓорѓиевски, но немаше отварање на резултатот. Имавме иницијатива и поголем посед на топка во првото полувреме. Избраниците на Нурединоски успеаа да стигнат до предност од 1:0 со голот на Ѓорѓиевски, кој го совлада противничкиот голман со глава, откако од десната страна успешен центар шут имаше капитетенот Здравески. Токму Здравески ја имаше следната голема шанса на дуелот, откако нашиот играч немаше среќа кога ја погоди стативата од голот на Кожуф. Сепак продолживме со офанзивната игра и атак кон голот на гостите. Успеваме да го зголемиме водството на 2:0 со погодокот на Леонид Стојчевски. Во следниот период истиот играч имаше можност да постигне и нов гол, откако асистираше Ѓорѓиевски, во добра позиција се најде Стојчевски кој сакаше да го лобува гостинскиот голман, но успешно одбрани чуварот на мрежата на Кожуф. Во првиот дел ќе ја издвоиме и шансата на Ангел Петрушевски, кој биеше крај голот, на асистенција од Ѓорѓиевски кој нафрли во противничкиот шеснаесетник. На полувреме резултатот гласеше 2:0.

Во вториот дел не видовме многу шанси на двете страни. Нашите младинци имаа контрола на играта, не дозволувајќи на гостинскиот тим да создаде некоја посериозна шанса. Единствената голема прилика во овој дел дел од дуелот ја реализираше Филип Стајковиќ, кој погоди после една одлична акција на неговите соиграчи. Обид имаше уште и Антонијо Стојановски, кој биеше над противничкиот гол.

Ова беше трета победа во серија за младинскиот состав на Кул. Одлична игра за нашите момци кои ќе останат во горниот дел од табелата после комплетирање на ова коло.