Освоени вкупно 9 бодови во дуелите со Куманово, преглед на 6.коло во младинските лиги

После три врзани победи, младинците на Кул поразени од екипата на Куманово
12/06/2020
(Фотогалерија) Кадетите на КУЛ со три бода се вратија од Куманово
12/07/2020

Освоени вкупно 9 бодови во дуелите со Куманово, преглед на 6.коло во младинските лиги

Младинските екипи на Кул освоија вкупно 9 од максималните 12 бодови во дуелите со екипата на Куманово. Изминатиов викенд се одигра 6.првенствено коло, во кое победи славеа двете пионерски екипи, како и кадетите, додека младинците беа поразени. Во продолжение можете да ги погледнете комплетните резултати од ова коло.

Помладите пионери не запираат со победите, нови три бода и во дуелот со Куманово. На домашен терен нашите надежи славеа со резултат 2:0.

Комплетни резултати од 6.коло во помладата пионерска лига.

ФК Кожуф Гевгелија – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  0:5

ФК Кул – ФК Куманово 2012  2:0

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Беласица  3:0  ( службено)

ФК Струга Трим Лум – ФК Борец 1919 АД   2:3

ФК Скопје АД – ФК Силекс АД  5:1

До петти триумф сезонава стигнаа и пионерите кои на „Цементарница“ со убедливи 4:1 го победија тимот на Куманово.

Комплетни резултати од 6.коло во пионерската лига.

ФК Кожуф Гевгелија – ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци  2:7

ФК Кул – ФК Куманово 2012  4:1

ФК Лабуништа 2011 Тетово – ФК Беласица  3:0  ( службено)

ФК Струга Трим Лум – ФК Борец 1919 АД   4:0

ФК Скопје АД – ФК Силекс АД  3:0

После одигрување на ова коло продолжи и победничката серија за кадетите, кои имаат максимални 18 освоени бодови. Еден гол го реши победникот во Куманово, истиот го постигна Кул.

Комплетни резултати од 6.коло во кадетската лига.

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кожуф Гевгелија  2:0

ФК Куманово 2012 – ФК Кул  0:1

ФК Беласица – ФК Лабуништа 2011 Тетово  2:4

ФК Борец 1919 АД – ФК Струга Трим Лум  3:0

ФК Силекс АД – ФК Скопје АД  1:4

Младинците иако имаа предност на крајот загубија на гостувањето кај Куманово. Конечниот резултат гласеше 2:1.

Комплетни резултати од 6.коло во младинската лига.

ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци – ФК Кожуф Гевгелија  1:3

ФК Куманово 2012 – ФК Кул  2:1

ФК Беласица – ФК Лабуништа 2011 Тетово  0:3

ФК Борец 1919 АД – ФК Струга Трим Лум  1:2

ФК Силекс АД – ФК Скопје АД  1:2