Три екипи се есенски шампиони, КУЛ освои најмногу бодови во првиот дел од сезоната

Минимален пораз за ФК КУЛ генерација 2009 на дуелот со Тефејуз
12/12/2020
Преглед на полусезоната за пионерските екипи на Кул
12/16/2020

Три екипи се есенски шампиони, КУЛ освои најмногу бодови во првиот дел од сезоната

Три екипи на Кул се есенски Шампиони во рамките на младинските втори лиги. Во првиот дел од сезоната беа одиграни шест натпревари, на пролет ќе се доиграат останатите три натпревари и ќе продолжи вториот дел од сезоната. Нашиот клуб имаше успешен есенски дел во кој собра најмногу бодови од сите противници кои се дел од лигата.

Очекувано, помладите пионери ги добија сите шест натпревари. Имаат импресивна гол разлика од 33 постигнати и само 1 примен гол. Со 18 бодови се лидери пред екипите на ФК Скопје и Лабуништа 2011 Тетово кои имаат по 13 бодови.

Пионерите на Кул и Струга ТЛ имаат еднаков број на освоени бодови, но нашиот состав има подобра гол разлика и затоа ќе „презими“ на првото место во оваа категорија. Забележавме вкупно 5 победи и само 1 пораз на гостувањето кај екипата на Стуга ТЛ. Постигнавме 27 голови додека примивме 6 погодоци.

Со максимален број на освоени бодови финишираа и нашите кадети кои остварија шест победи од исто толку одиграни натпревари. Гол разликата е 19 постигнати и 2 примени голови. На второто место во кадетската лига се наоѓа Тиквеш со 13, додека Скопје има 12 бодови.

Младинците се на четвртото место на табелата, но со само два бода заостанување зад лидерот. Откако не успеавме да победивме на првите два натпревари, следеше серија од три последователни триумфи за младинскиот состав, за во последното есенско коло да загубиме од Куманово. Постигнавме 9, додека примивме 6 голови.

Нашиот клуб во овој дел од сезоната освои вкупно 61 бод, додека на второто место е Скопје со 49 бодови, на третата позиција се Струга ТЛ и Лабунушта Тетово со 40 бодови.