Преглед на полусезоната за пионерските екипи на Кул

Три екипи се есенски шампиони, КУЛ освои најмногу бодови во првиот дел од сезоната
12/14/2020
Висока победа за ФК КУЛ генерација 2012 на „контролката“ со Сарај
12/17/2020

Преглед на полусезоната за пионерските екипи на Кул

Со оглед дека финишираше есенскиот дел од сезоната во младинските лиги, ќе направиме преглед на постигнатите резултати во овој дел од сезоната за пионерските екипи на Кул. Генерациите родени 2004 и 2005 година успеаа да станат есенски шампиони.

Помладите пионери имаа убедливи игри и речиси ниту на еден натпревар не беше загрозена нивната победа. Со оглед дека примивме само еден гол, тоа говори за нашата доминација на натпреварите кои ги одигравме. Постигнавме 33 погодоци, додека единствениот гол го примивме во второто коло на гостувањето во Струга.

Постигнатите резултати на натпреварите:

1 коло: КУЛ – Скопје  3:0  ( службено)

2 коло: Струга Трим Лум – КУЛ  1:5

3 коло: КУЛ – Лабуништа 2011 Тетово  5:0

4 коло: КУЛ – ГФК Тиквеш  1930  13:0

5 коло: Кожуф – КУЛ  0:5

6 коло: КУЛ – Куманово 2012  2:0

Генерацијата 2005 е единствената која успеа да се пласира во полуфиналето на Купот и третта година по ред да го повтори успехот. Се пласиравме во четирите најдобри екипи, со победите во дуелите со Македонија Ѓ.П и Победа.

1/8 финале: КУЛ – Македонија Ѓ.П  7:0

1/4 финале: КУЛ – Победа   3:0

Пионерите исто така имаа одлична полусезона, на шест одиграни натпревари остварија пет победи и само еден пораз. Единствениот дуел на кој се загубивме бодови се случи во второто коло од екипата на Струга ТЛ. Имаме гол разлика од 27 постигнати и 6 примени голови.

Постигнатите резултати за пионерите во лигата:

1 коло: КУЛ – Скопје  6:0

2 коло: Струга Трим Лум – КУЛ  1:3

3 коло: КУЛ – Лабуништа 2011 Тетово  5:0

4 коло: КУЛ – ГФК Тиквеш 1930  2:1

5 коло: Кожуф – КУЛ  1:9

6 коло: КУЛ – Куманово 2012  4:1

Во Купот бевме на прагот да направиме големо изненадување, сепак на крајот немавме среќа против екипата на Македонија Ѓ.П од која бевме елиминирани после изведување на ударите од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши со нерешен резултат 3:3.