Бојан Јанкулоски најдобар стрелец во пионерската лига, Александар Богданоски е втор кај помладите пионери

Александар Трајчевски: Среќен сум што го избрав Кул, клуб со кој сакам еден ден да заиграм во ПМФЛ
01/03/2021
ФК КУЛ од утре стартува со тренинзи со пет генерации
01/14/2021

Бојан Јанкулоски најдобар стрелец во пионерската лига, Александар Богданоски е втор кај помладите пионери

Три наши екипи завршија како лидери после завршување на есенскиот дел од сезоната, а нашиот клуб го има и најдобриот стрелец во втората пионерска лига.

Нашиот напаѓач, Бојан Јакулоски, се најде на врвот на листата на најдобри стрелци во пионерската лига со вкупно 8 голови, после завршување на есенскиот дел. На шест одиграни натпревари, пионерите на Кул остварија пет победи и само еден пораз, а Јанкулоски постигнуваше голови на пет дуели, додека само на натпреварот со Тиквеш го немаше во листата на стрелци.

Во најдобрите пет во оваа категорија се наоѓа уште еден наш играч, се работи за капитенот, Филип Стајковиќ.

1.Бојан Јанкулоски ( КУЛ) -8

2. Мухамедин Фејзула ( Скопје) -7

3. Таулант Влаши, Ветон Ибраими ( Струга ТЛ), Филип Стајковиќ (КУЛ) и Даниел Николиќ ( Скопје) -5

Во помладата пионерска лига го имаме и вториот најдобар стрелец, тоа е Александар Богданоски со постигнати 9 голови. Инаку нашиот голгетер има вкупно 15 погодоци во есенскиот дел од сезоната, за пионерите постигна 4 и за кадетите 2 погодоци.

Во оваа лига, врвот го држи играчот на Скопје, Љиварека кој има 20 голови.

1. Фикрет Љиварека ( Скопје)  -20

2. Александар Богданоски (КУЛ) и Адмир Азировиќ (Скопје) -9

На осмото место на листата на најефикасни играчи во оваа возрасна категорија се наоѓа и Антони Динов кој има запишано 5 голови.