ФК КУЛ од утре стартува со тренинзи со пет генерации

Бојан Јанкулоски најдобар стрелец во пионерската лига, Александар Богданоски е втор кај помладите пионери
01/09/2021
(ФОТО) Тест за моменталната аеробна издржливост на играчите под водство на Никола Родиќ
01/15/2021

ФК КУЛ од утре стартува со тренинзи со пет генерации

Фудбалскиот клуб Кул се враќа со тренинзи во текот на утрешниот ден. Своите подготовки за пролетниот дел од сезоната ќе ги стартуваат генерациите родени 2002/03/04/05 и 06 година.

Нашиот клуб успеа да освои најмногу бодови во есенскиот дел од сезоната на натпреварите во младинските лиги, период во кој одигравме шест натпревари, што значи за доигрување на првиот дел има уште три натпревари, а потоа ќе следуваат уште нови девет дуели за нашите млади надежи.

Генерациите 2003, 2004 и 2005 се лидери во својата категорија, додека младинците се на четвртото место на табелата, но со само два бода заостанување зад лидерот. Настапите во Купот ги продолжуваат само помладите пионери кои ги очекуваат полуфинален дуел.

Сите останати генерации ( петлиња) со тренинзи ќе започнат од 1.февруари.