Женскиот тим на КУЛ ги започна подготовките (ВИДЕО)

(ВИДЕО) Тест за моменталната аеробна издржливост на генерација 2007
02/01/2021
(Фотогалерија) ЖФК КУЛ ги „запали моторите“
02/06/2021

Женскиот тим на КУЛ ги започна подготовките (ВИДЕО)

Вчера во балонот на „Кул арената“ во Кисела Вода свој прв тренинг во 2021 година имаше женската екипа на ФК КУЛ. Младите дами го имаа својот прв собир и своите први активности.

Се работеше посветено и вредно на вчерашниот почеток на зимските подготовки. Девојките покажаа дека им недостигала дружбата со „бубамарата“ па со голем елан и желба ги исполнуваа зададените задачи. ЖФК Кул одржа еден динамичен тренинг, атмосферата на истиот погледнете ја на дното од текстот во кратко видео.